Место под сонцето (филм од 1951)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Место под сонцето (англиски: A place in the sun) - американски филм од 1951 година, во режија на Џорџ Стивенс (George Stevens), според сценариото на Патрик Кирни (Patrick Kearney), Мајкл Вилсон (Michael Wilson) и Хари Браун (Harry Brown). Главните улоги ги играат: Монтгомери Клифт (Montgomery Clift), Елизабет Тејлор (Elizabeth Taylor), Шели Винтерс (Shelley Winters), Рејмонд Бар (Raymond Burr) и Ен Ровер (Anne Revere). Филмот претставува култно дело, една од најпотресните драми снимени во Холивуд во 1950-тите, за кое пофални зборови имал и Чарли Чаплин. Всушност, станува збор за втора адаптација (првата била снимена на почетокот од 1930-тите) на романот на Теодор Драјзер, „Американска трагедија“, со тоа што режисерот одлучил да го промени насловот и да го премести фокусот од социјалната анализа на мотивот на главниот јунак врз развојот на психолошките преокупации на главниот лик, кои го предизвикуваат злосторството. Филмот освоил шест награди „Оскар“, како и „Златен глобус“ за најдобар филм (драма).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Џорџ Истмен (го игра Клифт) пристигнува во градот со надеж дека ќе најде работа кај својто роднина кој е богат индустријалец. Набргу, тој се вработува во фабриката и таму стапува во врска со скромната девојка Алис (ја игра Винтерс). Истовремено, Џорџ ја запознава и ќерката на неговито работодавач, убавата Анџела (ја игра Тејлор), на која ѝ се допаѓа. Така, тој запаѓа во проблеми поради двојниот приватен живот и почнува сè повеќе да лаже. За него, најдобро би било Алис воопшто да не постои...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]