Месечина (расказ на Мопасан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Месечина“ (француски: Clair de lune) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 19 октомври 1882 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Опатот Марињан е строг свештеник, голем противник на жените и на љубовта. Тој има навика да си поставува прашања за причините поради кои Господ ги создал нештата и секогаш успева да си даде одговор. Тој има внука која планира да ја направи калуѓерка, но дознава дека таа има момче со кого редовно се среќава крај реката. Истата ноќ, тој зема голем стап, со намера да ја казни внуката, и се упатува кон местото на нивниет средби. Одејќи, тој ја забележува угреаната месечина и им се восхитува на убавините на ноќта. Тогаш, тој ги забележува внуката и нејзиното момче, па сфаќа дека ноќта е создадена за љубовта и засрамен бега од местото.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Месечина“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 341-348.