Мери Елис Јанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мери Елис Јанг
Brenda Strong as Mary Alice Young in Desperate Housewives.jpg
Бренда Стронг како Мери Елис Јанг
Прво појавување Пилот (прва епизода)
Создаден од Марк Чери
Толкуван од Бренда Стронг
Шерил Ли (во неемитуваниот пилот)
Информации
Алијас(и) Енџела Форест (претходно име)
Пол женско
Старост 38 (во време на смртта)
Занимање домаќинка
поранешна
медицинска сестра
Сопружник Пол Јанг (сопруг)
Деца Зек Јанг (посвоен син)

Мери Елис Јанг (претходно Енџела Форест) е фиктивен лик во серијата Очајни домаќинки. Ликот го толкува глумицата Бренда Стронг, која служи како наратор. Нејзиното самоубиство во почетната сцена на серијата е стартната точка за целата серија. По смртта, таа го следи животот на своите сосетки и пријателки во Вистерија Лејн.

Се викам Мери Елис Јанг. Ако го читате утринскиот весник, ќе наидете на статијата за невообичаениот ден што го доживеав минатата недела. Вообичаено, нема ништо ново во мојот живот, но сето тоа се промени минатиот четврток. На прв поглед, сѐ изгледаше нормално. Ги извршив моите задачи. Ги завршив моите проекти и обврски. Всушност, денот го поминав како што го минувам и секој останат ден, полирајќи ја рутината на мојот живот сѐ додека не го достигне совршенството. Затоа беше чудна мојата одлука да отидам до плакарот и да го извадам револверот што дотогаш не беше користен.

Мери Алис Јанг