Мајмуни (навивачка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајмуни Прилеп 97
Коцката на Мајмуни Прилеп
NicknameМајмуни/Маркови Внуци
КратенкаMP97
Основање1997
ВидНавивачка Група
Ултрас група
ЕкипаФК Победа (2010)
МотоЕден Град - Една Љубов
LocationПрилеп, Македонија
ArenaСтадион Гоце Делчев
Colors     Црвена,      Бела
Мајмуни Прилеп по пат кон Струмица за утакмицата ФК Победа - ФК Силекс

Почетоци[уреди | уреди извор]

Со гостувањето на фудбалскиот натпреварот Борец - Победа во Велес на 12 ноември 1987 г. започнува дејствувањето на Прилепските навивачи кои тогаш го носат името „Маркови Внуци” и за брзо време стануваат заштитен знак на секој натпревар на Победа. На почетокот биле направени неколку транспаренти, меѓу првите во Македонија користеле пиротехника а биле сместени на почетокот од јужната трибина на стадионот „Гоце Делчев”. Со осамостојувањето на Македонија нивниот број рапидно се зголемува и сè повеќе се угледуваат на странските тифози пред сè од Италија.

Напредок[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1994/1995 г. за првпат се направени плетени шалови со натпис што во Македонија било реткост. Гостувањата исто така не им биле непозната страна па освен гостувања во нашата држава успеале да појдат во повеќе градови во поранешната СФРЈ. Во сезоната 1997/1998 г. доаѓа до смена на генерациите кога било променето и името во „Мајмуни”. „Маркови Внуци” официјално се повлекле и го отстапиле местото на помладите но тоа не значи дека тие и престанале да навиваат. Тие постојано доаѓаат на натпреварите и најчесто се сместени во средината на јужната трибина, имаат свои транспаренти и маици, а во соработка со навивачката група „Мајмуни” доаѓаат и на голем број на гостувања. Во тој период доаѓа и до формирање на доста популарната подгрупа „Гето” која го форсира италијанскиот стил на навивање. Навивачката група „Мајмуни” се сместени на крајниот дел од јужната трибина каде што имаат направено т.н. кафез.

Од 1997 г. направиле нови транспаренти, неколку вида на шалови, маици, дуксерки, капи и друг разновиден рекламен материјал. Иако наидувале на сопки од локалната самоуправа успеале да отворат своја канцеларија во месната заедница Вишне. Со настапите на Победа и Р.К. Тутунски Комбинат на меѓународна сцена доаѓаат и гостувањата надвор од нашата земја во Романија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Словачка, Италија, Полска, Словенија итн.

Моментално навивачката група Мајмуни Прилеп има 7 подгрупи: Екипа 420, Маркови Внуци, Red Rid Brigade, Boulevard Boys, Ghetto, Јужен Санаториум, YS'16. На натпреварите се присутни просечно по 500 членови на Мајмуни.