Прејди на содржината

Мајката Дивјачка

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мајката Дивјачка“ (француски: La Mère Sauvage) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 3 март 1884 година. Авторот му го посветил расказот на Жорж Пуше.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

По пауза од 15 години, раскажувачот оди на лов во Вирлањ при што ги здогледува урнатините на една куќа. Неговиот пријател Сервал му раскажува за судбината на жителите на куќата, кои ги нарекували Дивјаци. Најпрвин, таткото бил убиен од жандармеријата, а подоцна, кога избувнала Француско-пруската војна, синот Виктор бил мобилизиран во француската војска и така мајката, Викторија Симон, останала сама. Таа морала да прими во куќата четворица пруски војници, кои се однесувале убаво кон неа. Меѓутоа, еден ден, таа добила писмо во кое била опишана страшната смрт не нејзиниот син. Тогаш, таа ги запишала имињата и адресите на прускиет војници, ги убедила да стават сено во собата каде што спиеле, а потоа ја запалила куќата и тие изгореле. Набргу пристигнала пруската војска и таа мирно го признала делото, по што веднаш била стрелана.[2]

  1. „Кишобран“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 198.
  2. „Мајка дивљана“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 198-207.