Матица (Дебрца)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Матица (Дебарца))
Матица
Местоположба
Физички особености
УстиеСатеска
Особености на сливот

Матицарека во областа Дебрца во југозападниот дел на Македонија, матица од која е создадено мочуриштето Сини Вирој.

Течение и хидрографски одлики[уреди | уреди извор]

Реката Матица протекува во јужниот дел на областа и котлина Дебрца, поминува близу селото Белчишта и се влева во реката Сатеска[1]. Зафаќа сливно подрачје од 122,85 км2[1]. Извира во подножјето на возвишението Габер кое е западна огранка на Илинска Планина во котлината Дебрца. Во нејзиниот изворишен дел и горно течение поради низината и природно неизбразденото корито се наоѓа мочуриштето Сини Вирој, односно реката Матица со излевањето и постојаното разлевање на нејзините води и многуте извори на овој рамничарски предел претставува матица од која се создава и опстојува (се храни со вода) белчишкото блато Сини Вирој, поради што најверојатно таа и го носи името Матица. Тече во правец североисток - југозапад помеѓу селата Ново Село и Белчишта. Во втората половина на XX век се направени мелиоративни зафати поради што средното течение на реката Матица во пределот наречен Ќошови има определено прокопано и регулирано корито, а како резултат на тоа е намалена и површината на блатото Сини Вирој[2]. Кај возвишението Горица недалеку од нејзиниот влив во Сатеска од левата страна на исто место (каде воедно се спојуваат) ги прима двете притоки Голема Река и Злестовска Река. Реката Матица има изразит рамничарски карактер со многу мал пад на водата бидејќи целото нејзино течение има пад од само 11 метри висинска разлика, од 767 метри надморска височина во изворишниот дел до 756 метри кај утоката во Сатеска, поради што се објаснува и нејзиното разлевање во рамнината и создавање на мочуриште по течението. Сепак реката Матица е полноводна река со многу бистра и проѕирна вода и извесна длабочина и нема одлики на застоеност. Водите на реката Матица се користат за наводнување на многуте ниви и земјоделски посеви со жито (пченица и пченка), грав и други градинарски култури во пространата рамница.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 48. ISBN ISBN 978-9989-2117-6-8 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  2. Според кажување на мештани на Ново Село, забележал Марио Шаревски на 26.05.2018