Прејди на содржината

Дебрца (котлина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на котлината Дебрца од Илинска Планина.
За други значења на поимот Дебрца, видете на појаснителната страница

Дебрца (или Дебарца) — котлина во западниот дел на Македонија.[1] Се наоѓа помеѓу Илинска и Плакенска Планина од исток и Стогово и Караорман од запад. Зафаќа површина од 368 км2. Низ средината на Дебрца води магистралниот пат М–4 кој ја поврзува на југ со Охрид и Струга, а на север со Кичево и Скопје. Се дели на Северна, Средна и Долна Дебрца. Геолошкиот состав го прават филитоидни метаморфити, карбонатни и магматски карпи како и езерски, алувијални, делувијални и моренски седименти. Климата е умереноконтинентална. Реката Сатеска претставува главна одводна артерија на целото подрачје. Во Дебрца постојат 24 селски населби, сите населени со Македонци. Централна населба е Белчиште, а најголемо село е Велмеј. Цела Дебрца е зафатена од силен миграционен бран, па бројот на населението денеска во голема мера е намален.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. С. Томић, Дебарца, „Братство“, књ. XXII, Нови Сад, 1923
  2. М. Маџевиќ и Д. Василевски, Просторно-популациски одлики на населбите од Дебарца, „Годишен Зборник на Институтот за географија, при Дебарското Езеро (Шпилје) ПМФ“, кн. 35–36, Скопје, 2001