Масонството на Принц Хол
Масонството на Принц Хол (анг. Prince Hall Freemasonry - PHF) е гранка на масонството во Северна Америка, составено претежно од Афроамериканци. Масонството на Принц Хол е составено од независни Големи ложи, од кои некои се сметаат за регуларни од страна на Обединетата голема ложа на Англија.
Создавање
[уреди | уреди извор]На 6 март, 1775, Афроамериканецот наречен Принц Хол станал Мајстор во ирската воена ложа бр. 441, заедно со уште четиринаесет други Афроамериканци од кои очегледно сите биле слободни уште од раѓање. Кога воената ложа ја напуштила областа, на Афроамериканците ѝм било дадена овластување да се соберат како ложа, да формираат поворки на деновите на Св. Јован, и да одржуваат масонски погреби, но не и да доделуваат степени или да прават други масонски работи. Овие лица побарале и добиле налог за Повелба од Големата ложа на Англија во 1784 и ја создале Африканската ложа #459.
Ложата била уништена во 1813, по спојувањето на Древните и Модернистите, заедно со многу други ложи. По одбивањето да биде призната од Големата ложа на Масачусетс, Африканската ложа самата се прогласила како независна Голема ложа, Африканската голема ложа на Масачусетс.
Односот со претежно белци-масони
[уреди | уреди извор]Ова довело до традиција на одделни, претежно афроамерикански надлежности во Северна Америка, кои се познати како масонството на Принц Хол. Распространетиот расизам и расната одвоеност во Северна Америка ги спречиле Афроамериканците да се приклучат на многу популарни ложи, и многу популарни Големи ложи во Северна Америка не ги признале ложите на Принц Хол и масонството на Принц Хол како законски на нивна територија.
Многу години и ,,популарните” Големи ложи и ложите на Принц Хол имале интегрирано членство, иако во некои јужни држави ова било политика, но не и практика. Денес, некои ложи на Принц Хол се признати од страна на Големата ложа на Англија (UGLE) како и голем дел од државните Големи ложи во САД и многу меѓународни Големи ложи. Ситуацијата е комплицирана од нивото на признавање кое е загарантирано, при што некои ложи даваат целосно признавање на сите Големи ложи на Принц Хол, додека други ставаат ограничувања во врска со прашањата како што се ,,права на меѓусебна посета” или сметањето на Големите ложи на Принц Хол како регуларни, но странски надлежности. Додека ниту една Голема ложа од овој вид не е општо призната, во моментов, масонството на Принц Хол е признато од страна на некои Големи ложи признати во Англија, но не и од други, но се чини дека го пробива својот пат кон понатамошно признавање. Според податоци собрани во 2008, 41 од 51 популарни американски Големи ложи ги признале Големите ложи на Принц Хол. Популарните државни Големи ложи коишто не ги признаваат Големите ложи на Принц Хол се наоѓаат најчесто во јужните држави со околу 50% од масоните на Принц Хол: Алабама, Џорџија,Тенеси, Мисисипи, Флорида, Луизијана, Арканзас, Јужна Каролина и Западна Вирџинија.
Организација
[уреди | уреди извор]Постојат две спротивставени групи во организацијата на масонството на Принц Хол, малцинството ложи коишто се предмет на Националната голема ложа и коишто се познати и како потекло на Принц Хол, и мнозинството ложи коишто се предмет на четириесет и една независна државна Голема ложа и се познати под името Здружение на Принц Хол.
Познати членови
[уреди | уреди извор]Постојат многу значајни масони коишто биле поврзани со првите Големи ложи на Принц Хол. Меѓу првите Големи мајстори, африканската ложа на Принц Хол #459:
- Принц Хол, Бостон, Масачусетс, Голем мајстор 1791-1807.
- Неро Принц, Бостон, Масачусетс, Голем мајстор 1808
- Џорџ Мидлтон, Бостон, Масачусетс, Голем мајстор 1809-1810 Командант, Бакс оф Америка, единица на војници-црнци за време на Американската револуција. Единицата добила знаме од гувернерот Џон Хенкок за нејзината верна служба. Мидлтон бил, исто така, основач на Африканското добротворно друштво.
- Питер Лу, Дракут, Масачусетс, Голем мајстор 1811-1816, син на Барзилај Лу
- Сампсон Х. Муди, Голем мајстор 1817-1825
- Џон Т. Хилтон, Голем мајстор 1826-1827
- Вокер Луис, Ловел, Масачусетс, Голем мајстор 1829-1830
- Томас Далтон, Бостон, Масачусетс, Голем мајстор 1831-1832, зет на Барзилај Лу
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Масонството на Принц Хол
- Prince Hall Revisited by Tony Pope, editor of the Australian & New Zealand Masonic Research Council's publications.
- Museum of Afro-American History website George Middleton house and has photo of Bucks of America flag-for reference only} Архивирано на 6 април 2013 г.
- Famous Prince Hall Freemasons Архивирано на 24 април 2017 г.