Марија Никифорова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марија Никифорова
1885 - 1919
Nikiforova.gif
Марија Никифорова ц. 1918
Прекар: Марусја
Роден во: Запорожје, Руска империја
Починал во: Севастопол
Служба во: Француска армија, Црна Гарда, Украинска Револуционерна Бунтовничка Армија
Род: Запорожјески револуционерен комитет, Дружина
Период на служба: 1914 - 1919
Чин: Командант (Атаманша)
Командува/л со: Одредот на Црна Гарда, Дружина
Битки/војни:
Други занимања: Заменик-претседател на Запорожјескиот револуционерен комитет

Марија Никифорова (украински: Марія (Маруся) Григорівна Нікіфорова; руски: Мария Григорьевна Никифорова; 1885-1919), беше анархистички партизански лидер. Таа исто така беше нашироко позната по својот прекар, Марусја. Таа станала позната фигура во анархистичкото движење од 1918-1919 во Украина за време на руската граѓанска војна.

Анархо-комунистичката политика на Никифорова беше формирана во средината на нејзините тинејџерски години, и таа брзо усвоила милитантни тактики со цел да ја унапреди. Во текот на нејзините активистички години, Никифорова даде бројни говори промовирајќи ги нејзините политички мислења. Сепак, транскрипции и цитати од нејзини говори едвај ја преживеале советската ера, и таа не ги запишувала своите ставови во писма, есеи, или статии. Она што е познато за нејзините говори е дека таа нашироко била позната за нејзиното харизматично ораторство, кое таа го користила да промовира анархистички ставови.[1] Нашироко позната како анархистичка, се велеше дека постојано носела сосема црна облека како симбол на својата слободарска филозофија.[2]

Никифорова во голема мера била игнорирана од страна на историчарите после нејзината смрт. Историчарите од советската ера во голема мера ја избришале од историјата, и покрај важната улога која ја играше во Руската револуција од 1917 година и последователната граѓанска војна. Биографскиот речник за руската револуција вклучува стотици записи, но не ја вклучува неа. Од неколкуте болшевички жени кои се вклучени, ниту една давала воени команди како Никифорова.[3]

Постои малку објаснување за занемарувањето од страна на анархистичките историчари. Иако биле објавени неколку биографии на Нестор Макно - анархист врз кој Никифорова имала големо влијание, малку се спомнува Никифорова. Ова е и покрај нивната тесна соработка, како и нејзината поголема современа слава, според биографот Малком Арчибалд: "...во 1918 Никифорова веќе беше позната како анархистичка Атаманша (женски воен лидер) во цела Украина, додека Макно уште беше прилично непозната фигура работејќи во едно провинциско село."[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Archibald 2007, p. 10
  2. Skirda 2004, p. 318
  3. Archibald 2007, p. 1
  4. Archibald 2007, p. 2

Надворешни врски[уреди | уреди извор]