Марија Каран

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марија Каран Лубин (Белград, 29 април 1982) е српска филмска, ТВ и театарска глумица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Белград,на 29 април 1982 година. Кај неа е забележен глумечки талент уште додека била мало девојче. Со глума започнала да се занимава во 2001 година. Дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Студирала заедно со глумците: Калина Ковачевиќ, Нада Мацанковиќ, Ана Марковиќ и Никола Ракочевиќ. Популарноста ја стекла во 2004 година, со улогата на Марија Станимировиќ во филмот Есен доаѓа, Дуњо моја. Таа продолжила со улогите во популарните филмови , Кога ќе пораснат ќе бидам кенгур и Седум и пол, како и во сериите, Љубов, навика, паника (2005), која ја напуштила во 2006 година ( ја заменила со Борка Томовиќ). 2007 година глумела во една од најуспешните српски филмови таа година, Четвртиот човек. Покрај глумата, нејзината најголема страст е одбојка, пинг понг и фитнес велосипедизам.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмографија на глумицата Марија Каран
Год. Име Улога
2000
2002. Ноќ со видео секретарка
2003. Готово митски Мина
2003. Миле против транзиција девојката од телевизија / анкетарка
2004. Слободен пад поранешна девојка
2004. Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур Ирис
2004. Уличен патувач Јана
2004. Есен доаѓа, дуњо моја Марија Станимировиќ
2005. Свадба невестата
2005—2006. Љубов, навика, паника Маја Миличевиќ
2006. Седум и пол Ковиљка
2006. Through Skin and Bone жена
2006. Не враќај се на стаза девојката од видеото
2007. Крадецот на спомените
2007. Четврти човек Теодора
2008. Taximan Дана
2008. Casualty Мина Рабиновиќ
2010
2009. Едит и јас Брони
2009. Есен доаѓа, дуњо моја Марија Станимировиќ
2010. Dark Relic Сафа
2010. Севдах за Карима Ивана
2011. The Rite Сандра
2011. Covert Affairs Наџа Леванди
2011. Assassination Games Октомври
2011—2012. Непобедливо срце (ТВ серија) Славка
2012—2013. Будва на пената од морето Анѓелика Ласевкса
2012—2013. Лариниот избор кнегињата Анастазија Поповиќ
2015. Booger Red's Sex Kindergarten Марија
2015—2016. Кажи дека ме сакаш  Јасна
2018. Пет Александра

Надворешни врски[уреди | уреди извор]