Марго Роби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марго Роби
Роби на San Diego Comic-Con International во 2015
Роден(а)Марго Елиз Роби
2 јули 1990 (1990-07-02) (29 г.)
Голд Кост, Австралија
ЖивеалиштеЛондон, Обединето Кралство
ЗанимањеГлумица
Активен период2007–сеуште

Марго Елиз Роби (родена на 2 јули 1990 г.) — австралиска глумица.

Таа ја започнала својата кариера глумејќи во австралиски независни филмови. Потоа таа добила улога во австралиската сапуница Соседи (2008–2011), која и донела две номинации за наградата Логи. По преселбата во САД, Роби добила главна улога во серијата Пан Ам (2011–2012). Во 2013 година, таа ја добила својата прва улога во игран филм, во комичната драма Прашање на време, а подоцна во годината глумела во биографскиот филм Волкот од Волстрит во режија на Мартин Скорсезе. Во 2015 година, Роби играла главна улога во филмовите Фокус, Француски апартман и З за Закарија. Во 2016, таа ќе ја глуми Харли Квин во суперхеројскиот филм Самоубиствен одред и Џејн Портер во авантурата Тарзан.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Роби е родена во Голд Кост, Квинсленд, Австралија. Нејзината мајка, Сари Кеслер е физиотерапевт, а нејзиниот татко Мајк е поранешен фармер.[1][2] Таа има постар брат Лахлан, помлад брат Камерон и постара сестра Ања.[3][4] Роби и нејзините браќа и сестра биле израснати од нивната мајка.[1] Таа има минимален контакт со нејзиниот татко.[1] Додека растела, таа своето време го поминувала на плажа и во фармата на нејзините баба и дедо во Далби.[5] За да сврзе крај со крај, Роби работела на три работни места на 16-годишна возраст.[1] Таа студирала глума и дипломирала на Сомерсет колеџот во 2007 година.[1][6] На 17-годишна возраст, таа се преселила во Мелбурн за да започне да глуми професионално.[7]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Роби живеела во Њујорк неколку години.[8] Од мај 2014 година, таа живее во Лондон заедно со пет нејзини пријатели.[9] Од 2014 година, Роби е во врска со британскиот асистент режисер Том Акерли, кого го запознала на снимањето на Француски апартман.[1][10][11] Таа е навивач на Њујорк Ренџерс.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2008 Одмаздник Касандра
2009 I.C.U. Тристан Вотерс
2013 Прашање на време Шарлот
2013 Волкот од Волстрит Наоми Лапаљ
2015 З за Закарија Ен Бурден
2015 Фокус Џес Барет
2015 Француски апартман Селин
2016 Тарзан Џејн портер Пост продукција
2016 Павиљон на смеата Тања Пост продукција
2016 Самоубиствен одред Харли Квин Пост продукција

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2008 Review with Myles Barlow Кели Епизода #1.1
2008 Принцезата на слон Батерфлај Епизоди: "The Butterfly Effect" и "Butterfly Kiss"
2008 Отдел убиства Кејтлин Брентфорд Епизода: "Somersaulting Dogs"
2008–2011 Соседи Дона Фредман 311 епизода
2011–2012 Пан Ам Лаура Камерон 14 епизоди
2015 Top Gear Себе си Епизода #22.4
2015 Neighbours 30th: The Stars Reunite Себе си Документарен филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Bilmes, Alex (1 March 2015). „Margot Robbie is Bazaar's April cover star“. Harper's Bazaar. Архивирано од изворникот на 4 August 2015. конс. 16 April 2015. 
  2. „Birthday on set - 24 today :)“. Margot Robbie verified Instagram page. 2 July 2014. конс. 2 July 2015. 
  3. „Exclusive Interview with Margot“. Margot Robbie Team. 26 January 2014. конс. 6 July 2015. 
  4. Burke, Liz; Huxley, Jessica (25 June 2014). „Margot Robbie pays off her mother’s entire mortgage for her 60th birthday“. news.com.au. конс. 6 July 2015. 
  5. Maresca, Rachel (10 July 2014). „Margot Robbie says she's not 'particularly attractive,' isn't the 'best-looking' among her friends“. Daily News. New York City. конс. 7 January 2015. 
  6. Miller, Katie (14 April 2009). „Margot Robbie still girl next door“. Gold Coast. Архивирано од изворникот на 25 September 2009. конс. 6 March 2010. 
  7. „Laura Cameron Bio“. American Broadcasting Company. Архивирано од изворникот на 26 September 2011. конс. 27 September 2011. 
  8. „5 things to know about Margot Robbie“. Swide Magazine. 6 November 2013. конс. 3 July 2015. 
  9. "Margot Robbie on Jimmy Fallon". The Tonight Show Starring Jimmy Fallon. NBC. 27 February 2015.
  10. Nessif, Bruna (27 August 2014). „Margot Robbie Plants a Fat Kiss on New Boyfriend Tom Ackerley—See the Sweet Pics!“. E!. Архивирано од изворникот на 4 August 2015. конс. 4 August 2015. 
  11. Molloy, Shannon. „Margot Robbie confirms relationship with Tom Ackerly still going strong“, „The Courier-Mail“, 27 февруари 2015 (посет. 28 февруари 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]