Маратонска патека на Летните олимписки игри 2012
Маратонската патека на Летните олимписки игри во Лондон, претставува маршута на која ќе се нтпреваруваат маратонците во машка и женска конкуренција на Летните олимписки игри 2012. Должината на маршутата изнесува 42,195 км, и е составена од еден мал круг од 3,571 км и три големи круга со должина од 12,875 км во согласност со Меѓународната асоцијација на атлетски федерации.
Сегашниот изглед на маршутата бил потврден во октомври 2010 година. Стартот на маратонската патека е на улицата Мол. Патеката поминува покрај некои од најголемите знаменитости на Лондон како: Плоштадот Трафалгар, Обелискот на Клеопатра, Катедралата Свети Павле, Лондонската Кула, Биг Бен, Викториниот споменик пред Бакингемската палата и други.
Официјалното мерење на патеката било извршено на 13 јуни 2012 година од страна на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Robinson, Joshua (20 јуни 2012). "A Marathon of Measurements". The Wall Street Journal.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- "London Olympic Games 2012 Marathon Route" - од официјалното мрежно место на ЛОИ 2012.
Знаменитости покрај патеката
[уреди | уреди извор]-
Викторинскиот споменик
-
Плоштадот Трафалгар
-
Катедралата Свети павле
-
Биг Бен и Лондонското Око