Плашт (хералдика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мантија (хералдика))
Прејди на: содржини, барај

Плашт (или мантија) — хералдички елемент на грбот во облик на наметка прикачена за шлемот над штитот. Таа игра улога на позадина на штитот. Нацртана на хартија, ова е приказ на заштитното платно кое витезите го носеле зад шлемовите за да го заштитат металот од временските прилики, но и за да го омекнат ударот од противничките мечови. Токму од оваа причина плаштот е прикажан раскинат на разни места. Поретко платното се среќава цело, во кој случај најчесто се работи за свештеник кој користи шлем и плашт (што означува дека свештеникот не бил во битка, иако прусиството на шлемот е извесно противречие само по себе). Ова е обично уметнички избор на уметникот, и со себе не носи симболично значење.

При блазонирањето, плаштот се опишува од обете страни. Една од нив е во боја (петте главни бои се црвената, сината, зелената, зрната и пурпурната -- постојат и други, но тие се многу ретки), а другата во метал (бело или жолто). Плаштот обично е во претежната боја на штитот, или пак во некоја службена боја која ја симболизира функцијата на носителот на грбот. Постојат и исклучоци, како на пример употреба на други поретки бои, надворешната страна е расечена со две бои, или пак обете се расечени. Уште поретко се среќаваат други поделби во плаштот, или случаи каде целиот плашт е во една иста боја. Грбовите на монарсите често пати претставуваат исклучок - грбот на Обединетото Кралство и грбот на јапонскиот цар Акихито, каде плаштот е со злато, поставено со ермелин[1]. За ваквите мантии се смета дека прилегаат само на владетели.

Во раните денови на развојот на челенката, пред венецот, биле измислени круни и капи, и така челенката често пати продолжувала во плаштот кадешто било изводливо (на пр. ако челенката е во вид на половина човечка фигура или животно, чија облека или крзно продолжува во плаштот). Овој обичај е особено присутен во Германија.

Постојат ретки примери каде плаштот се блазонира со надополнување на самиот грб, имитирајќи ги ординариите и фигурите од штитот. Прикажаните фигури на плаштот најчесто се посеани врз неа, [1].

Грбот на градот Бауцен (Будишин) со раскошен плашт

Плаштот низ вековите[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]