Магнетна индукција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Магнетна индукција е основна карактеристика на магнетното поле. Таа е векторска величина. Векторот на магнетната индукција е поставен по тангентата на магнетните силови линии и е насочена како и магнетното поле.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Магнетната индукција претставува сила со која магнетното поле дејствува на спроводник со должина 1m и низ кој тече струја од 1 А, кога спроводникот е поставен нормално на магнетните силови линии.

Единица[уреди | уреди извор]

Единица за магнетна индукција е тесла.

Магнетно поле има индукција од 1Т ако тоа поле дејствува со сила од 1N на спроводник низ кој тече струја со јачина од 1А, при што спроводникот е поставен нормално на насоката на магнетното поле.