Магаревски манастир
Стара фотографија на целиот комплекс | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Магарево |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Основан | 1871 |
| Разрешен | за време на Прва светска војна |
| Посветен на | Ѓурѓовден |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Цркви | „Св. Ѓорѓи“ |
| Личности | |
| Место | |
| Место | село Магарево, Општина Битола, |
| Координати | 41°02′42″N 21°14′00″E / 41.04500°N 21.23333°E |
| Видливи остатоци | црква, камбанарија, света вода |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Кукуречанска парохија) |
Магаревски манастир — поранешен манастир во битолското село Магарево.[1]
Од манастирскиот комплекс, денес останата е само црквата „Св. Ѓорѓи“.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Изграден е на западната страна од црквата „Св. Димитриј“ на растојание од околу 500 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Сегашната манастирска црква потекнува од 1871 година. По изградбата голем придонес дал внукот на Димитриј Бишта, по име Петро Бишта кој спровел и водовод, така што летото 1945 година свечено пред гостите од двете села, Магарево и Трново, тој ја пуштил чешмата и шадрванот во дворот, кои и ден денес функционираат благодарејќи на верниците од селото.
Манастирот функционирал како женски манастир. За време на Првата светска војна во реонот се воделе тешки борби и конаците на манастирот биле целосно разрушени и останал само манастирскиот храм.[2]
Градби во манастирот
[уреди | уреди извор]Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, камбанаријата и светата вода.
Црква „Св. Ѓорѓи“
[уреди | уреди извор]Главната манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи. Таа е единствена зачувана градба од манастирот.
Други објекти
[уреди | уреди извор]Во дворот на манастирот се наоѓа објект со света вода.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Некогашна фонтана
- Мал параклис во дворот
- Внатрешноста на светата вода
- Објектот со света вода
- Манастирската црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер“. Архивирано од изворникот на 2017-09-11. Посетено на 2017-11-26.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Магаревски манастир на Ризницата ?