Црква „Св. Ѓорѓи“ - Магарево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква „Свети Ѓорѓи“

Црквата на грчка поштенска марка од почетокот на 20 век

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Местоположба

Карта

Место Магарево
Општина Битола
Општи податоци
Покровител Св. Ѓорѓи
Изградба 1871
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

„Свети Ѓорѓи“црква во потпелистерското село Магарево, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Црквата се наоѓа во непосредна близина на импозантната црква „Св. Димитриј“. Таа е остаток од некогашниот Магаревски манастир, женски манастир, кој постоел на тоа место. Селото Магарево се наоѓало на фронтовата линија за време на Првата светска војна, па најверојатно тогаш се уништени конаците и инвентарот на црквата.[1]

Селаните на панаѓур во дворот на „Свети Ѓорѓи“, 1913 година

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на западниот дел. Изградена е во 1871 година.[1]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Денешниот иконостас и иконите потекнуваат од поново време.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Свети Ѓорѓи во Магарево на семрежното место на Битола инфо