Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази
Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази — збирка куси раскази од македонската писателка Жанета Станоевска, објавена во 2011 година, во издание на издавачката куќа „Темплум“.
Технички одлики[уреди | уреди извор]
Збирката е објавена како десетта книга во едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 103 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-05-4. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На кориците се наоѓаат слики на Дани Санчис, а на задната корица се дадени основни биографски податоци за авторот.[1]
Содржина[уреди | уреди извор]
Книгата „Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази“ содржи 18 раскази:[1]
- Сладолед,
- Ата,
- Мирисот на липите,
- Визба,
- Пријатели,
- Allegoreo,
- Рипчиња од злато,
- Синото костумче,
- Стаклената птица,
- Жената на ноќта,
- Слатката камелија на младоста,
- Радмила,
- Последниот сон,
- Ѓавол во прав,
- Сендвич со плескавица,
- Кажи ѝ на реката,
- Суво цвеќе,
- Три соништа и едно јаве.