Лисип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Купидон затегнува лак - римска копија

Лисип (грчки јазик|Λύσιππος) е вајар од доцен класичен период од (4 век пред новата ере) во уметностите на стара Грција. Го аследил славниот Поликлет.

Лисип бил личен вајар на Александар Велики. Една лисипова скулптура на Александар денес стои во Лувр во Франција. Лисип се смета за голем вајар, кој заедено со Скопас и Праксител го наговестил доаѓањето на елинистичката ера.

Биографија[уреди | уреди извор]

Лисип е роден во Сикион во втората половина на 4 век околу 390 година п. н. е. Станал службен вајар на владејачката македонска династија во Грција и ги следел освојувањата на Александар Велики. Делувал на најголемото подрачје на кое некогаш делувал еден антички вајар– од Пелопонез, Македонија до Акарнанија. Окружен со бројни синови и ученици секаде го наметнал својот израз. Ги водел училиштата Аргос и Сикијон. Според Плиниј Постариот, автор е на преку 1500 дела, сите во бронза.

Бил последниот голем вајар во грчката уметност. Веднаш по неговата смрт неговите следбеници отвораат училиште на Родос каде тежнеат да го надминат својот учите, ако не со вештина, тогаш со големина. Харет од Линда створа бронзена скулптура Колос на влезот во пристаништето, висока 32 м – едно од 7-те светски чуда.

Дела:[уреди | уреди извор]

  • Купидон затгнува лак - постојат многу копии, најдобрата е во Британскиот музеј.
  • Агиас - познат од мермерната копија од Делфи.
  • Уморен Херкулес - кој се наоѓа во купатилата на Каракале. Сочувана е мермерна копија.
  • Апроксименос - исто така познат само од римска мермерна копија

Галерија на одбрани дела[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]