Лимфна филаријаза
Лимфна филаријаза | |
---|---|
A picture of a woman with elephantiasis. | |
Специјалност | Заразна болест |
Лимфна филаријаза позната уште како елефантијаза настанува од нематодни црви од видот Филариоидеа. Заразените со оваа болест немаат симптоми. Сепак некои потекуваат во рацете, нозете или гениталиите. Кожата може да се задебели и да се јават болки. Промените на телото можат да предизвикаат општествени и економски проблеми кај заболеното лице.[1]
Причинители и дијагноза
[уреди | уреди извор]Нематодните црви се шират преку убодите на заразениот комарец. Најчесто, инфекциите се јавуваат кај децата. Постојат три видови на црви кои ја предизвикуваат болеста: Вухерерија банкрофти, Бругија малаји и Бругија тимори. Вухерерија банкрофти е најчеста. Нематодните црви го оштетуваат лимфниот систем.[1] Болеста се дијагностицира со гледање на примерок од крв под микроскоп, извлечен во текот на ноќта.[2] --> Крвта треба да биде густ размас со боење по Гимза. Во крвта може да се провери дали има анатитела против болеста.[2]
Превенција и лекување
[уреди | уреди извор]Заразените еднаш годишно ги лекуваат, со цел потполно да се отстрани болеста. Лекувањето трае шест години. Најчести лекарства што се употребуваат се: албендазол со ивермектин или албендазол со диетилкарбамазин. Лекарствата не ги уништуваат возрасните црви, но спречуваат понатамошно ширење, додека црвите сами не изумрат.[1] --> Се прават напори да се спречат убодите од комарци и намалување на нивниот број, како и поставување на мрежа за комарци.[1]
Епидемиологија
[уреди | уреди извор]Повеќе од 120 милиони луѓе се заразени со лимфна филаријаза. Околу 1.4 милијарда луѓе се во опасност од болеста во 73 земји. Најраширена е во Африка и Азија. Како последица од болеста, економијата секоја година е во загуба од повеќе милијарда долари.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Lymphatic filariasis Fact sheet N°102“. World Health Organization. March 2014. Посетено на 20 March 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Parasites - Lymphatic Filariasis Diagnosis“. CDC. June 14, 2013. Посетено на 21 March 2014.