Лилијана Танги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лилијана Танги
Liliane Tanguy
Во Националното собрание, јуни 2017 година.
Пратеничка во Националното собрание од Финистер
На должноста
Стапил
21 јуни 2017
Лични податоци
Роден(а) 12 март 1967(1967-03-12)(57 г.)
Панчево, Југославија
Националност Французинка
Живеалиште Комбрит
Установа Политички науки Париз
Универзитет Пари-Дофин
Универзитет Париз 1 Пантеон-Сорбона
Професија функционер од категорија A

Лилијана Танги – француска политичарка родена на 12 март 1967 година. Член е на движењето „Напред!“ (La République en marche !) и пратеничка во Националното собрание од Финистер од 21 јуни 2017 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Танги е родена во Панчево (Југославија) на 12 март 1967 година од татко Македонец и мајка Хрватка кои емигрирале во Франција.

Дипломирала Политички науки во Париз во 1990 година, магистрирала економија на универзитетот Париз 1 Пантеон-Сорбона и завршила специјалистички студии за меѓународни односи на универзитетот Пари-Дофин. Деветнаесет години работела во телекомуникациската компанија „Франс телеком“ која подоцна станала „Оранж“ (од април 1992 до декември 2010 година), потоа седум години во болничка администрација во Лорјан, а потоа во Кемпер.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Mme Liliana Tanguy