Лептоспироза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Leptospirosis
Leptospirosis darkfield.jpg
Leptospira magnified 200 times with dark-field microscope
Класификација и надворешни извори
Специјалностзаразна болест[*]
МКБ-10A27
МКБ-9100
OMIM607948
DiseasesDB7403
MedlinePlus001376
eMedicinemed/1283 emerg/856 ped/1298
MeSHC01.252.400.511

Лептоспироза (позната како полска треска,[1] глувчешка жолтица,[2] и осип на предната писка,[3] покрај другите имиња) е инфекција предизвикана од бактеријата во форма на спирала, наречена Лептоспира. Симптомите можат да бидат поблаги; главоболка, болка во мускулите и треска, и посериозни: крвавење од белите дробови или менингитис.[4][5] Ако инфекцијата направи човекот да пожолти, да му откажат бубрезите и да крвави, тогаш е позната како Вејлова болест.[5] Ако има обилно крвавење од белите дробови, тогаш болеста е позната како синдром на обилно белодробно крвавење.[5]

Причинители и дијагноза[уреди | уреди извор]

Тринаесет различни генетски видови на Лептоспира можат да ја предизвикаат оваа болест кај човекот.[6] Се пренесува преку дивите и домашните животни.[5] Најчести животни кои ја шират болеста се глодарите.[7] Често се пренесува преку урината од животните или преку вода или земја што содржат животинска урина која дошла во контакт со отворените рани на кожата, очите, устата или носот.[4][8] Болеста најчесто се појавува во земјите во развој, кај земјоделците и сиромашните луѓе во градовите. ref name=McB2005/> Во развиените земји, најчесто се појавува кај оние кои се занимаваат со надворешни активности во топлите и влажни места.[4] Дијагнозата најчесто се поставува со барање на антитела против бактеријата или пронаоѓање на нејзина ДНК во крвта.[9]

Превенција и лекување[уреди | уреди извор]

Напорите да се спречи болеста вклучуваат заштитна опрема со која ќе се спречи директен контакт при работа со потенцијално инфицираните животни, миење на рацете по контактот, и намалување на бројот на глодари во местата за живеење и работење.[4] Сѐ уште не е јасна користа од антибиотикот доксициклин, за спречување на инфекцијата кај оние што патуваат.[4] Постојат вакцини за животни со одреден вид на Лептоспира, која може да го намали ширењето кај човекот.[4] Инфицираните се лекуваат со антибиотиците: доксициклин, пеницилин или цефтриаксон.[4] По лекувањето на пациентите со Вејлова болест и обилно белодробно крвавење, смртната стапка изнесува од 10% до 50%, по наведениот редослед.[5]

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Од седум до десет милиони луѓе годишно се заразени со оваа болест.[10] Не се знае точно бројот на смртни случаи предизвикни од болеста.[10] Болеста е најчеста во тропските делови од светот, но може да се појави и на кое било друго место.[4] Ширењето може да започне во сиромашните квартови од земјите во развој.[5] Вејл за првпат ја опишал болеста во 1886 година во Германија.[4] Некои од заразените животни немаат симптоми, кај некои се поблаги, а кај некои се посериозни.[6] Симптомите се различни за секое животно. [6] Кај некои животни Лептоспирата опстојува во органите за репродукција, која потоа се пренесува преку сексуален однос.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mosby's Medical Dictionary (9 издание). Elsevier Health Sciences. 2013. стр. 697. ISBN 9780323112581. http://books.google.ca/books?id=aW0zkZl0JgQC&pg=PA697. 
  2. McKay, James E. (2001). Comprehensive health care for dogs. Minnetonka, MN.: Creative Pub. International. стр. 97. ISBN 9781559717830. 
  3. James, William D.; Berger, Timothy G.; et al. (2006). Andrews' Diseases of the Skin: clinical Dermatology. Saunders Elsevier. ISBN 0-7216-2921-0. :290
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Slack, A (јули 2010 г). Leptospirosis.. „Australian family physician“ том  39 (7): 495–8. PMID 20628664. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 McBride, AJ; Athanazio, DA; Reis, MG; Ko, AI (октомври 2005 г). Leptospirosis. „Current opinion in infectious diseases“ том  18 (5): 376–86. doi:10.1097/01.qco.0000178824.05715.2c. PMID 16148523. 
  6. 6,0 6,1 6,2 „Leptospirosis“ (PDF). The Center for Food Security and Public Health. October 2013. конс. 8 November 2014. 
  7. Wasiński B, Dutkiewicz J. Leptospirosis—current risk factors connected with human activity and the environment. „Ann Agric Environ Med“ том  20 (2): 239–44. PMID 23772568. http://aaem.pl/fulltxt.php?ICID=1052323. 
  8. „Leptospirosis (Infection)“. Centers for Disease Control and Prevention. конс. 8 November 2014. 
  9. Picardeau M (јануари 2013 г). Diagnosis and epidemiology of leptospirosis. „Médecine Et Maladies Infectieuses“ том  43 (1): 1–9. doi:10.1016/j.medmal.2012.11.005. PMID 23337900. 
  10. 10,0 10,1 „Leptospirosis“. NHS. 07/11/2012. конс. 14 March 2014. 
  11. Faine, Solly; Adler, Ben; Bolin, Carole (1999). „Clinical Leptospirosis in Animals“. 'Leptospira and Leptospirosis (Revised 2nd издание). Melbourne, Australia: MediSci. стр. 113. ISBN 0 9586326 0 X.