Лени Рифенштал
Лени фон Рифенштал (германски: Leni von Riefenstahl) (- 8 септември 2003) германска филмска режисерка и глумица.
Животопис
[уреди | уреди извор]
Иако целиот живот била посочувана како љубовница на Адолф Хитлер, таа во 102. година од животот изјавила: „Не бев љубовница на Хитлер. Ниту национал-социјалист. Да бев, ќе се самоубиев, како Ева Браун.“ По Втората светска војна, Рифенштал се преселила во Швајцарија, каде живеела повлечен живот, далеку од очите на јавноста.

Лени Рифенштал умрела на 8 септември 2003 година.

Творештво
[уреди | уреди извор]
Рифенштал доживеала поширока слава по прикажувањето на филмот „Сината светлина“ на Филмскиот фестивал во Венеција во 1932 година, во кој таа била режисер и ја играла главната улога. По доаѓањето на Национал-социјалистичката партија во Германија, таа формирала посебно Министерство за пропаганда на чело со Јозеф Гебелс. Тој ја почнал потрагата по врвен режисер, со задача да снима пропагандни филмови во кои би се истакнувале германската раса, нацистите и Хитлер. Најпрвин, изборот паднал на најголемиот германски режисер во тоа време, Фриц Ланг, но тој побегнал со семејството во САД, а потоа, по препорака од Хитлер, оваа задача ѝ била доделена на триесетгодишната убавица Рифенштал. Така, таа добила неограничен буџет и започнала да снима серија пропагандни филмови кои се прикажувале не само во Германија, туку и во Италија, САД, Франција итн. Најпознат од нив бил филмот „Триумфот на волјата“ во кој биле претставени конгресот на Национал-социјалистичката партија и говорот на Хитлер. Во филмот, таа за првпат во историјата употребила кран при снимањето, а покрај тоа, за да ја прикаже поубедливо харизмата на Хитлер, користела и специјални леќи и снимала од посебен, благ долен ракурс. Исто така, Рифенштал е позната и по тоа што била задолжена за отворањето и затворањето на Олимписките игри во Берлин, при што го реализирала првиот телевизиски пренос во живо.
Во 1954 година, Рифенштал го снимила романтичниот филм за една танчерка, „Тифленд“, во кој ја играла и главната улога, но филмот не бил пласиран во кино-салите и тоа било нејзиното последно филмско остварување. Пред смртта, таа отпатувала во Африка, каде направила серија фотографии на племето Масаи.
Во чест на творештвото на Рифенштал, во Националниот филмски музеј во Берлин се наоѓа посебна соба посветена на неа.
[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Игор Иванов, „Лени Рифенштал“, Економија и бизнис, година 18, број 207, 11 септември 2015, стр. 98-99.