ЛАЗ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лавовски автобуски завод
Oснована21 мај 1945
СедиштеКиев, Украина
Клучни личностиИгор Чуркин[1]
Производиавтобуси, тролејбуси
Матично
претпријатие
Холдинг ЛАЗ
Порталwww.laz.ua
NeoLAZ 12 на ФК Карпати Лавов.
Поворка од свечено украсени автобуси CITYLAZ 18LF на ЈСП Скопје

ЛАЗ (украински: Львівський автобусний завод, „Лавовски автобуски завод“) е произведувач на автобуси и тролејбуси од Лавов, Украина. Кратенката „ЛАЗ“ е всушност нивното официјално име.

Претпријатието било меѓу најкрупните производители на автобуси во СССР и најголемиот производен капацитет во градот. Денес е приватизирано како холдинг.

Најзастапено возило на производителот е градскиот автобус LAZ-695 и неговата продолжена туристичка варијанта, LAZ-699. Во неколку градови во светот може да се забележи тролејбусот ElectroLAZ. ЛАЗ е одбран за превозник на Европското првенство во фудбал во 2012 што ќе се одржи во Украина и Полска. Украинската влада има потпишано договор за 2500 нови автобуси „CityLAZ“ со можно дополнување од уште 800.

Во последно време претпријатието ја проширува производната дејност и во САД, со нова фабрика во Њујорк.

ЛАЗ во Македонија[уреди | уреди извор]

Во градот Скопје сообраќаат 80 нископодни автобуси од CITYLAZ 18LF (долж. 18,6 м) како дел од обновениот возен парк на јавниот превозник ЈСП Скопје. Автобусите имаат по 28 седишта и 30 места за стоење, разладен и греен систем, електронски информатор за граѓаните, дигитален тахограф за работа, автоматски менувач и електронска рампа за лица со посебни потреби[2].

Модели[уреди | уреди извор]

Еве список на возилата што се произведуваат во заводот:

  • LEMBERG MB - туристички автобус (шасија на Mercedes-Benz)
  • LEMBERG MAN - туристички автобус (шасија на MAN)
  • NEOLAZ 10 - туристички автобус (шасија на ЛАЗ)
  • NEOLAZ 12 - туристички автобус (шасија на ЛАЗ, 12 м)
  • AEROLAZ 12 - аеродромски автобус со врати од обете страни
  • CITYLAZ 10LE - градски автобус (10 м)
  • CITYLAZ 12LF - нископоден градски автобус (12 м)
  • CITYLAZ 12LE - градски автобус (12 м)
  • CITYLAZ 13.5LF - нископоден градски автобус (13,5 м)
  • CITYLAZ 13.5LE - градски автобус (13,5 м)

  • CITYLAZ 18LF - нископоден градски автобус (17,6 м)
  • CITYLAZ 20LF - нископоден градски автобус (18,6 м)
  • ELECTROLAZ 12 - тролејбус (12 м)
  • ELECTROLAZ 20 - тролејбус (18,6 м)
  • INTERLAZ 10LE - меѓуградски автобус (10 м)
  • INTERLAZ 12LE - меѓуградски автобус (12 м)
  • INTERLAZ 13.5LE - меѓуградски автобус (13,5 м)
  • LINERLAZ CITY - мал градски автобус заснован на LAZ 695, предвиден за украинските патишта
  • LINERLAZ TOUR - мал туристички автобус заснован на LAZ 695, предвиден за украинските патишта

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ТОП - друштвото за управување
  2. „Промотивно возење на првите 15 украински автобуси во Скопје“. Министерство за транспорт на РМ. 22 февруари 2011. конс. 30 јуни 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]