Крушчиќ
Крушчиќ Крушчић | ||
---|---|---|
Село | ||
Свети Стефан, Кралот на католичката црква. | ||
| ||
Координати: 45°37′N 19°22′E / 45.617° СГШ; 19.367° ИГД | ||
Country | Србија | |
Општина | Кула | |
Население (2002) | ||
• Вкупно | 2,353 | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Крушчиќ е модерно село во општината Кула,во провинцијата Војводина, Србија. Населението во селото е етнички мешано и има 2.353 жители (според пописот во 2002).
Име[уреди | уреди извор]
Селото е именувано според националниот херој од Втората светска војна, Вукман Крушчиќ. Поранешното име на селото било Вепровац, од српскиот збор "вепар " (“Дива свиња“ на македонски).
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2002 година во селото живеат 2.353 жители со просечна старост од 40.5 години (38.4 просечна машка старост и 42.7 просечна женска старост). Има 773 домаќинства, а просечен број на жители по домаќинство е 3.4. Во селото живеат повеќе етнички групи меѓу кои најбројни се:
- 768 (32.64%) Црногорци
- 744 (31.62%) Срби
- 280 (11.90%) Унгарци
- 149 (6.33%) Украинци
- 74 (3.14%) Хрвати
- 11 (0.45%) Македонци
- други.
Културни манифестации[уреди | уреди извор]
Во Крушчиќ традиционално, секоја година кон крајот на пролетта се одржува Складиште Фест, фестивал кој нуди можност за промоција на младите бендови од регионот, но настапуваат и веќе афирмирани изведувачи. На Складиште Фест настапиле групи како: Визија, Atheist Rap, Neozbiljni pesimisti, Orest и други.