Кристијан Ајенга (22 јуни1989 во Киншаса) — конгоански професионален кошаркар кој своевремено настапувал за екипите на Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Лејкерс во НБА. Ајенга бил одбран како 30. избор ос страна на Кливленд на драфтот во 2009 година.[1] Во Кливленд останал една и пол сезона, а потоа бил разменет во екипата на Лос Анџелес Лејкерс.[2]
Во август 2012 Ајенга бил разменет во екипата на Орландо Меџик,[3] чие раководство го раскинало договорот со него. Имал краток престој во НБА развојната лига, по што преминал во кинеското кошаркарско првенство. Неговиот последен професионален ангажман бил во екипата на Уникаха од шпанското првенство во сезоната 2016–17.[4]