Кристина Раденковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кристина Раденковиќ (Нови Сад, 5 декември 1980) — српска актерка и ТВ водителка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Кристина Раденковиќ е родена во Нови Сад , каде што израснала и живеела до крајот на студиите. Во детството, на барање на родителите кратко тренирала тенис, а се занимавала и со џез балет до 16 години.[2] По тоа, запишала гимназија, а потоа станала член на француската драмска секција, каде што започнала актерска работилница кај Милан Плетан - Пленџе. Присуствоо во оваа секција значително влијаела на нејзината одлука за подоцна да се занимава со глума. На инсистирање на нејзината мајка, таа се запишала на Природно-математички факултет, а по првата година и Академија на уметности . Двата факултета успешно ги завршила.[3] По дипломирањето, таа се преселила во Белград во потрага на работа. Бидејќи таа била помеѓу четири избрани кандидати на натпреварот Европско лице  така била една од новинарите од Песни за Евровизија во 2008 година. Подоцна водела уште неколку емисии на Радио-телевизија на Србија, вклучувајќи и избор за Детска песна Евросонг. Конечно станала водителка на ТВ Загатка во 2012 година.[4]

Прва забележана телевизиска улога е достигната во серијата Она како љубов, во која ја глумеше Сашка. Исто така, во серијата Дојди поблиску ја глумеше професорката Миљана Цветиќ.[5]

Во врска е со правникот Никола Радојевиќ,[6] со кој ја има ќерката, Тара, родена во март 2016 година.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bošnjak-Draganović, Biljana (20. децембар 2012.). „Kristina Radenković, glumica i voditeljka - Fudbal je trauma iz mog detinjstva!“. ekapija.com. конс. 3. новембар 2017.. 
  2. „Kristina Radenković, voditeljka Slagalice - Biografija 2017, Visina, Težina, Instagram“. sveopoznatima.com. конс. 3. новембар 2017.. 
  3. „Kristina Radenković“. biografija.org. 19. јул 2017. конс. 3. новембар 2017.. 
  4. Дедић, М. (3. март 2012.). „Кристина Раденковић - нова водитељка "Слагалице". Вечерње новости. конс. 3. новембар 2017.. 
  5. Грбић, Ј. (13. новембар 2012.). „Шта возе познати: Кристина Раденковић“. Вечерње новости. конс. 3. новембар 2017.. 
  6. Đukić, Deana (6. септембар 2014.). „Kristina Radenković: Konačno sam shvatila šta mi je zaista potrebno u vezi“. hellomagazin.rs. конс. 3. новембар 2017.. 
  7. „PRE ČETIRI GODINE DOŽIVELA JE VELIKU TRAGEDIJU: Kristina Radenković iskreno o gubitku bliske osobe!“. Курир. 25. септембар 2017. конс. 3. новембар 2017..