Кралство Сасекс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кралство на Јужните Саксонци
Sūþseaxna Rīce
Вазал на Весекс (686–726, 827–860)
Вазал на Мерсија (771–796)

 

о. 477[б 1] – 860[1][2]
Британија околу 800 год.
Главен град неукажан
Јазици Староанглиски јазик
Вероисповед Паганизам (пред 7-ми век)
Христијанство
(по 7-ми век)
Уредување Монархија
Монарх
 -  477–491 или подоцна Еле
Законодавство Витенаџемот
Историски период Хептархија
 -  Основана о. 477[б 1]
 -  Потчинето од Весекс о. 686 до 726
 -  Потчинето од Мерсија 771 до о. 796
 -  Потчинето на Весекс Од о. 827[4]
 -  Целосно вклучено во круната на Весекс 860[1][2]
Население
 -  450 25000[5] 
 -  1100 35000[5] 
Денес во Обединето Кралство
  Југоисточна Англија

Кралството на Јужните Саксонци, денес наречено Кралство Сасекс (староанглиски: Sūþseaxna rīce), било едно од седумте кралства од англосаксонската Хептархија.[6] На јужниот брег на островот Велика Британија, таа првично била саксонска колонија од шестиот век, а подоцна и независно кралство.

Историја[уреди | уреди извор]

Историските податоци за Кралството Сасекс се многу сиромашни, нема сочувана листа на кралеви, имало неколку локални владетели и било помалку централизирано од другите англосаксонски кралства.[7]

Основање[уреди | уреди извор]

Кралството Сасекс според Англосаксонската хроника е основано во 477 година кога Еле со три брода со неговите три сина пристигнал на местото наречено Кименшор [8] и го освоил денешен Сасекс.[9] [10] Еле станал врховен господар на другите англосаксонски кралства јужно од Хамбер. Историчарите спорат околу тоа дали Еле навистина постоел или не,[11][12][13] но сепак има археолошки докази кои го поткрепуваат стојалиштето дека во петтиот век Јужните Саксонци краткотрајно наметнале контрола на областите до Мидлендс.[14]

Христијанизација и губење на независноста (600–860)[уреди | уреди извор]

По 491 година, нема пишана историја за Сасекс до 607 година, кога според аналите Кеолвулф од Весекс се борел против Јужните Саксонци.[15] Загрозени од Весекс, Јужните Саксонци се обиделе да си ја зачуваат независноста преку сојуз со Мерсија.[16] Сојузот помеѓу Мерсија и Јужните Саксонци бил дополнително зацврстен откако кралот на Сасекс, Етелвал, ја примил христијанската вера со посредство на Мерсија. Со тоа Етелвал станал првиот христијански крал на Сасекс. Вулфхер (Мерсискиот крал) на Кралството Сасекс му ги отстапил Островот Вајт и територијата на Меонвара (долината по течението на реката Меон во денешен Хемпшир).[17]

Во 681 година, прогонетиот Свети Вилфрид од Нортамбрија пристигнал во Кралството на Јужните Саксонци и масовно го покрстил населението.[17]

Набргу по пристигнувањето на Свети Вилфрид, кралството било опустошено од прогонетиот западносаксонски принц Кедвала, а кралот Етелвал бил убиен.[18] Кедвала бил протеран од наследниците на Етелвал, Берхтун и Андун.[18] Во 686 година, Јужните Саксонци го нападнале Хлотире, кралот на Кент, за да го поддржат на неговиот внук Еадрик, кој потоа станал крал на Кент. Во тоа време, територијата на Сасекс се протегала од Островот Вајт до Кент и повторно можело да стане регионална сила, но ревитализацијата на Весекс го оневозможило тоа.[19] [20] Еадрик владеел со Кент додека не бил нападнат од Кедвала кој успеал да се наметне како владетел на Весекс. Потоа, Кедвала уште еднаш го нападнал Сасекс и го убил Берхтун.[21] Сасекс потпаднал под сурова западносаксонска доминација.[21] Според Беде, Кралството Сасекс се нашло во „полоша состојба од ропство“; а јужносаксонското свештенство било ставено под власт на Весекс преку Винчестерските бискупии.[22] Кедвала, исто така, го освоил островот Вајт каде што безмилосно го убивал населението. Според Џон Хајндс, дивјачкото однесување на Кедвала кон Сасекс и Островот Вајт може да се објасни со проширувањето на Сасекс на запад со помош од Мерсија за сметка на Весекс и Кедвала бил решен тоа да не се повтори.[23]

На почетокот од 770-тите Кралството Сасекс ја загубило својата независност.[21] Во 771 година, кралот Офа од Мерсија ја освоил територијата Хестинга; можеби влегол во Сасекс преку Кралството Кент, каде што веќе бил доминантен.[21] Во 772 година веќе го контролирал целото Кралство Сасекс.[24]

Моќта на Мерсија значително ослабнала по смртта на Офа во 796 година, а Јужните Саксонци повторно се здобиле со независност.

По битката кај Еландун во 825г. Сасекс било покорено од Екберт од Весекс, и оттогаш постојано биле под круната на Весекс.[25]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Higham & Ryan 2013, стр. 245
  2. Kirby 2000, стр. 169
  3. Brandon 2006, стр. 68
  4. Edwards, Heather (2004). „Ecgberht [Egbert] (d. 839), king of the West Saxons“. Oxford Dictionary of National Biography. Oxford University Press. Посетено на 22 June 2014.
  5. 5,0 5,1 Brandon 1978, стр. 225
  6. The Latin name was used, for instance, by William of Malmesbury.
  7. Semple 2013
  8. ASC Parker MS. 477AD.
  9. ASC Parker MS. 485AD.
  10. ASC Parker MS. 491AD.
  11. ASC Parker MS. 477AD.
  12. Jones."The End of Roman Britain." p.71. - "... the repetitious entries for invading ships in the Chronicle (three ships of Hengest and Horsa; three ships of Ælle; five ships of Cerdic and Cynric; two ships of Port; three ships of Stuf and Wihtgar), drawn from preliterate traditions including bogus eponyms and duplications, might be considered a poetic convention."
  13. Welch 1992, стр. 9.
  14. Myres 1989
  15. ASC Parker MS. AD607.
  16. Fisher 2014
  17. 17,0 17,1 Bede, book IV, chap. 13, 225.
  18. 18,0 18,1 Bede, book IV, chap. 15, 230.
  19. Kirby 2000
  20. Venning 2013
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 Kelly, S.E. (2004). „S. E. Kelly, 'Kings of the South Saxons (act. 477–772)'in Oxford Dictionary of National Biography“. Oxford University Press.
  22. Brandon 1978
  23. Hinds, John (1997). The Anglo-Saxons from the Migration Period to the Eighth Century: An Ethnographic Perspective. Boydell Press.
  24. Kelly, S.E. (2004). „S. E. Kelly, 'Kings of the South Saxons (act. 477–772)'in Oxford Dictionary of National Biography“. Oxford University Press.Kelly, S.E. (2004). "S. E. Kelly, 'Kings of the South Saxons (act. 477–772)'in Oxford Dictionary of National Biography". Oxford University Press.
  25. Keynes, Simon (2013). The Wiley Blackwell Encyclopedia of Anglo-Saxon England Appendix I. The Wiley Blackwell Encyclopedia of Anglo-Saxon England (PDF). Wiley Blackwell. стр. 521Fbos–538. doi:10.1002/9781118316061.app1. ISBN 9781118316061.

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Според Беде кралството било создадено во 477 г.; други академици мислат дека тоа се случило 20 години порано, о. 457.[3]

Наведени дела[уреди | уреди извор]