Хептархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Картата ги покажува англосаксонските кралства. Народите Есекс и Сасекс се освоени од Кралството Весекс, (а подоцна и Кралството Кент) . Од Вартоломејовиот Книжевен и историски атлас на Европа (1914)

Хептархија е заедничко име за седумте кралства од англосаксонска Англија во периодот од англосаксонското населување на Британија во 5 век до нивното здружување во четири кралства: Мерсија, Нортумбрија, Весекс и Источна Англија во 8 век.

Терминот „Хептархија“ (од грчкиот ἑπταρχία; од ἑπτά, хепта: „седум“; ἀρχή , архе: „владее“ и наставката -ία , ија) се однесува на постоењето на седум англосаксонски кралства: Источна Англија, Есекс, Кент, Мерсија, Нортамбрија, Сасекс и Весекс. Терминот „седум кралства“ прв го употребил англискиот историчар од 12 век, Хенри Хантингдон во неговото дело Историја на англискиот народ;[1] а терминот хептархија датира од 16 век.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Имињата на поголемите англосаксонски кралства се напишани со црвено

Периодот на хептархијата траел од крајот на римското владеење во Британија во 5 век, до потчинувањето на повеќето англосаксонски кралства од страна на Егберт од Весекс во 829 година. Хептархија одговара на периодот во европската историја познат како ран среден век или (поконтроверзниот термин) мрачен век. Иако името „хептархија“ укажува на постоење на седум кралства, нивниот број варирал бидејќи кралевите се бореле за превласт во различни периоди од хептархијата.[3]

Кон крајот на 6 век, кралот на Кент имал доминација на југот од Англија. Во VII век, владетелите на Нортамбрија и Весекс биле моќни. Во 8 век, Мерсија воспоставила хегемонија врз другите тогашни кралства, особено за време на владеењето на Офа Велики.

Падот на Хептархијата и основањето на Кралството Англија бил долг процес во текот на 9-тиот до 10-тиот век. Во текот на 9 век, данската енклава во Јорк прераснала во Данелав, и околу половина од Англија била под данска власт. Алфред Велики ги обединил англиските држави поради заканата од заедничкиот непријател. Во 886 година, Алфред го освоил Лондон, а во Англосаксонската хроника се наведува дека „сиот Англиски народ кои не се подложни на Данците се потчинил на кралот Алфред“.[4]

Обединувањето на Кралството Англија завршило во 10 век, по протерувањето на Ерик Блодакс како крал на Нортамбрија. Етелстан бил првиот крал на цела Англија.[5]

Список на англосаксонски кралства[уреди | уреди извор]

Четири главни кралства во англосаксонска Англија биле:

Други поголеми кралства, целосно освоени во одреден момент од нивната историја, пред обединувањето на Англија, биле:

Други помали кралства и територии:

Припишана хералдика[уреди | уреди извор]

Иако хералдиката не постоела во тоа време, на кралствата од англосаксонската хептархија по 12 или 13 век им се припишуваат грбови. Некои од нив се засноваат на опис во историски записи.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Henry of Huntingdon (1996). Historia Anglorum (History of the English People) - Google Books. ISBN 9780198222248. Посетено на 2010-04-09.
  2. „heptarchy“, Oxford English Dictionary (изд. 3rd.), Oxford University Press, September 2005 Invalid |mode=CS1 (help) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)
  3. Norman F. Cantor, The Civilization of the Middle Ages1993:163f.
  4. The Anglo-Saxon Chronicle Freely licensed version at Gutenberg Project. Note: This electronic edition is a collation of material from nine diverse extant versions of the Chronicle. It contains primarily the translation of Rev. James Ingram, as published in the Everyman edition. Asser's Life of King Alfred, ch. 83, trans. Simon Keynes and Michael Lapidge, Alfred the Great: Asser's Life of King Alfred & Other Contemporary Sources (Penguin Classics) (1984), pp. 97–8.
  5. Starkey, David (2004). The Monarchy of England: The beginnings (англиски). Chatto and Windus. стр. 71. ISBN 9780701176785. Посетено на 24 August 2018.
  6. „Northumbria (England)“. www.crwflags.com. Посетено на 2021-04-13.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Westermann Großer Atlas zur Weltgeschichte
  • Кембел, Џ. и други. Англосаксонците . (Пингвин, 1991)
  • Соер, Питер Хејес. Од Римска Британија до Норманска Англија (Рутлеџ, 2002).
  • Стентон, ФМ Англосаксонска Англија, (трето издание. Оксфорд УП 1971),

Надворешни врски[уреди | уреди извор]