Костенец (град)
| Костенец Костенец | |
|---|---|
| град | |
| Местоположба на Костенец во Бугарија | |
| Координати: 42°18′36.78″N 23°51′29.11″E / 42.3102167°N 23.8580861°E | |
| Земја | Бугарија |
| Област | Софија |
| Управа | |
| • Градоначалник | Јордан Ангелов (ГЕРБ) |
| Површина | |
| • Вкупна | 302,101 км2 (116,642 ми2) |
| Надм. вис. | 494 м |
| Население (2022) | |
| • Вкупно | 5,985 |
| • Густина | 20/км2 (51/ми2) |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| Повик. бр. | +359 07142 |
| Мреж. место | kostenetz.com |
Костенец (бугарски: Костенец) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Костенец во Софиската Област. Има население околу 5.985 жители (2022).
Географија
[уреди | уреди извор]Костенец се наоѓа на околу 61 км југоисточно од Софија на железничкиот правец Софија—Пловдив—Свиленград. Во близина на Костенец се наоѓаат одморалиштето Боровец (28 км), градовите Долна Бања (8 км) и Ихтиман (17 км).
Се наоѓа во подножјето на планината Рила, во источниот дел на Костенецко-Долнобанската котлина. Климата е умерено-континентална
Историја
[уреди | уреди извор]Населувањето на денешниот град Костенец започнало во 1884 година со изградбата на пругата Белово—Вакарел, која била прокарана на 6 км североисточно од селото Костенец. Со изградба на железничката станица била изградена фабрика за кибрит и хартија со која се забрзувало проширувањето на новата населба. Во 1964 година населбата на железничката станица била прогласена за град.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |