Коста Вангелов
Коста Вангелов | |
---|---|
Роден(а) | 1875 Штип, Османлиско Царство |
Починал(а) | 31 мај 1932 Рума, Кралство Југославија |
Значајни дела | Оплакувањето на Христос, 1919 |
Коста Иванов Вангелов (1875-1932) — македонски зограф и сликар. Тој заедно со Ѓорѓи Зографски и Димитар Андонов Папрадишки се едни од првите сликари на македонското профано сликарство.
Негово познато дело е Оплакувањето на Христос.
Биографија
[уреди | уреди извор]Коста Иванов е роден во 1875 година, во Штип. Неговиот татко, Иван, бил игларски занаетчија. Неговата мајка, Марија, била по потекло од село Павлешенци, Светиниколско. Во Штип го завршува основното училиште и три класа гимназија, по што заминал во Софија да го изучува чевларскиот и фотографскиот занает. По враќањето во Штип најпрво отворил чевларски дуќан, а потоа се преориентирал на фотографскиот занает.
Во 1901/1902 го напушта Штип, и заминува во Австроунгарија. Во периодот од 1904 до 1907 работел во ателјето на академскиот сликар Милисав Марковиќ во Белград, како негов соработник. Кон крајот на 1907 година, тие ги изведуваат сликарските и декоративни работи во црквата „Св. Теодор Тирон“ во Ириг. Во 1910, го презема целосното украсување на црквата „Покров на Св. Богородица„ во Мала Ремета, а во 1912 ги обновува сликарските работи во црквата „Св. Архангел Михаил“ во село Платичево, во околината на Рума.
Во 1912/1913 се вратил во Штип. Кон крајот на 1914 или во почетокот на 1915, заминува за Софија, каде што се вработува кај фирмописецот Шапкарев. По објавувањето на војната на Бугарија против Србија, бил мобилизиран од страна на бугарската војска во XI македонска дивизија. Од здравствени причини бил распореден во санитетска чета. До 1923 престојува во Македонија, каде работи на црквите „Св. Ѓорѓи“ во Кочани, „Св. Никола“ во Дедино и „Св. Стефан“ во Конче.
Од 1923 година, заминува за Рума. Умира ненадејно на 31 мај 1932 во Рума.[1]
Дела
[уреди | уреди извор]Профано сликарство
[уреди | уреди извор]-
Портрет на Олга Шатриќ, 1910
-
Портрет на Јован Савев, трговец од Штип, 1914
Духовно сликарство
[уреди | уреди извор]-
Св. Јован Крстител, 1914.
-
Велик архијереј, 1916.
-
Свет образ, 1917.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Николовски 2020, стр. 238.
Литература
[уреди | уреди извор]- Николовски, Антоние (2020). Македонските зографи од крајот на ХIX и почетокот на XX век: Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ. Скопје: Каламус. ISBN 978-608-4646-32-7.