Костадин Ацевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Костадин Ацевски
Роден 1922 година
Шишево, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1945 година
Банова Јаруга, Хрватска

Костадин Ацевски ( 1922 во Шишево, Скопско1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно земјоделско семејство. Основно училиште завршил 1933 година во селото. Потоа се занимавал со земјоделство.

Во Народноослободителната војска стапил во ноември 1944 година. Бил борец во Третата Македонска Ударна Бригада, со која учествувал во борбите кај селото Глумово и во акциите за разоружување и ликвидирање на преостанатите балистички банди.

Со својата Бригада учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Храбро загинал во борбите за ослободувањето на Банова Јаруга, во Хрватска.

Закопан е во заедничката гробница во градот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 29–30. На |first= му недостасува |last= (help)