Косовски Бошњаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Косовските Бошњаци по Албанците и Србите се најмногубројната етничка заедница во Косово.

Најголемиот број на Бошњаци во Косово живее во Призрен, Средачка Жупа, Гори, Призренска Подгора, односно во Призренско-драгашката област на самата Шар Планина. Позначаен број на Бошњаци живее и во Печко-источкиот крај, и во Косовска Митровица, додека во помал број ги има и во Приштина, Урошевац и во другите градови.

Население[уреди | уреди извор]

Податоците говорат дека во Призренскиот регион живеат околу 35.000 Бошњаци, во регионот Пеќ кој го опфаќа и градот Пеќ и селата Витомирица, Бања и Злопек живеат до 5.000 Бошњаци. Во Исток, Добруша и некои помали села, живеат помалку од 1,150 Бошњаци, додека во Митровица живеат околу 2,000 а во Приштина вклучувајќи го и селото Мазгит околу 1,000 Бошњаци. Од последниот попис на населението од 1981ва година до денес, поради безбедносните и економски причини Косово го напуштиле околу 30,000. Се претпоставува дека денес на Косово живеат помеѓу 60,000 и 100,000 Бошњаци.

Историја на косовските Бошњаци[уреди | уреди извор]

Историјата на косовските Бошњаци е тесно поврзана со историјата на сите народи кои со векови живееле на Косово. На просторот меѓу призренско драгашкиот регион настанало автохтоно бошњачко население, Торбеши односно Горанци. Бошњаците муслимани од овој крај го сметаат називот торбеши за наврдлив исто како што Албанците го сметаат за навредлив називот Шиптар, така да во нормалната и културната комуникација меѓу народите може да се употребува само име кое одразува културен и традиционален етникум во овој дел на Косово. Овие назици се повеќе од регионален и социјален карактер, но не етнички. Големината живеела во руралните средини каде се развивала културата, традицијата и менталитетот. Развојот на градовите и разните случувања резултираа со миграции на населението во овој регион. Преданијата говорат дека најблиското село во Призрен, Јабланица, било основано од Бошњаци и воедно ова село било постаро и од самиот град Призрен.

Политичката ситуација[уреди | уреди извор]

Бошњаците во Косово се политички организирани во следните коалиции и партии:

  • Коалиција Вакат (Демократска партија на Бошњаците, Демократска партија Ватан и Бошњачката партија на Косово)
  • SDA Kosova|Партија за демократска акција (SDA) на Косово
  • Бошњачката партија за демократска акција на Косово (BSDAK)
  • Призренско-драгашка иницијатива
  • Нова Демократска Партија

На основа на резултатите од последните парламентарни избори, Косовските Бошњаци се изборија за свое учевство во најголемите косовски институции, во Парламентот и Владата на Косово.

Коалицијата Вакат која ја сочинуваат три политички партии: Демократска партија на Бошњаците од Призрен, Демократска партија Ватан од Драгаш и Бошњачката партија на Косово од Пеќ: доби доверба од повеќе од половина гласови од Косовските Бошњаци повеќе од 5,000 и заедно со Демократската Партија на Турците, преку пратеничката група "6+" ја сочинуваат владејачката коалиција со ЛДК (демократскиот сојуз на Косово) и ААК (Алијанса за иднината на Косово). Во собранието Коалицијата Вакат има освоено три места, СДА Косово само едно, додека во владата на Косово министер е Садик Идризи, пред Бошњачката коалиција Вакат и пратеничката група "6+".

Бошњаците на Косово преку Форумот на Бошњаците на Косово усвоија значаен политички документ - Платформа за учество на Бошњаците во преговорите околу статусот на Косово.

Денес на Косово, Бошњачките студенти го студираат Босанскиот јазик, на два факултети: Во Пеќ на факултетот за Бизнис, во Призрен на образовниот факултет. Студираат и во другите катедри на Универзитетот во Приштина каде испитите може да ги положуваат на нивниот мајчин јазик. На Косово излегува и часопит на Босански јазик наречен "Алем", како и телевизиската програма на босански јазик на Радио Телевизија Косово, која ја уредува Надира Авдиќ - Власи.