Косовски Срби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Срби во Косово и Метохија
Територии населени со српско население во Косово и Метохија
Вкупен број на населението

140.000-205.835

Региони со значително население
Северно Косово, Лепосавиќ, Ново Брдо, Штрпце, Звечан, Зубин Поток
Јазици
српски
Религии
православие
Поврзани етнички групи
Срби и Словени

Косовски Срби или Косовци (српски: Косовци/Kosovci) — староседелски и вториот по бројност народ во автономната покраина Косово и Метохија. Во XXII век столбовите на српската култура и религија на Кралство Србија беа поставени во Косово и Метохија. За да не настане конфликт помеѓу Албанците и Србите во Косово и Метохија, Србите живеат на посебни области надгледувани од чувари на НАТО. Светските организации за човекови права се загрижени околу безбедноста на Србите како малцинство во Косово и Метохија и притисокот на кој се изложени од страна на мнозинството Албанци.

Според заводот за статистика на автономната област и половично признатата Република Косово, во 2006 година во Косово и Метохија имало 111.300 Срби (или 5.3% од вкупното население). Во Северно Косово (кое содржи 11% од целата површина на Косово и Метохија) има 98% Срби.

Историја[уреди | уреди извор]

Со доаѓањето на Словените на Балканот, Косово ќе стане еден од центрите на православието и словенската писменост. За време на средниот век Косово било дел од средновековните српски држави на царот Душан и царското семејство Немањиќи и во тоа време се изградени најголем дел од манастирите на Косово и Метохија, како што се манастирите Грачаница, Дечани итн. Во градот Пеќ во Метохија подоцна ќе биде формирана Пеќската патријаршија.

Со доаѓањето на Турците започнуваат процесите на исламизација и првите доселувања на Албанците на Косово, кои ќе земат пошироки размери кон крајот на XIX век. За време на османската власт Косово се стекнува со статусот Косовски Вилает. За време на Балканските војни, српската војска повторно ќе води битка со Турците на Косово за негово приклучување кон Кралството Србија. Во ова време за Косово се користело името Стара Србија.

Поврзано[уреди | уреди извор]