Коропуна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коропуна
Највисока точка
Надм. вис.6377 м [1]
Координати15°33′S 72°39′W / 15.550° ЈГШ; 72.650° ЗГД / -15.550; -72.650Координати: 15°33′S 72°39′W / 15.550° ЈГШ; 72.650° ЗГД / -15.550; -72.650[2]
Географија
Коропуна на карта

Карта

Матичен венецАнди
Геологија
Старост на карпатамиоцен-холоцен
Видвулкан
Вулкански лакЦентрална вулканска зона
Последен избув1,100 ± 100 ПС[3]

Коропунавулкан кој се наоѓа на Андите во јужните делови на Перу. Неговиот врв достигнува надморска височина од 6.377 метри[1][4]. Вулканот, кој се наоѓа 155 километри од Арекипа, главно е направен од лавини текови образувани од миоценски игнимбрити. Коропуна е активен најмалку пет милиони години, при што поголемиот дел од денешниот конус настанат за време на плиоценот и плеистоценот.

Вулканот е покриен со дебел слој на мраз, втор по големина во тропските предели и претрпел неколку фази на проширување и намалување. Од 2016 година, ледената капа е во повлекување. Една проценка предвидува дека истата ќе исчезне до 2045 година. Повлекувањето на ледниците на Коропуна се заканува на снабдувањето со вода на десетици илјади луѓе, а интеракцијата помеѓу вулканска активност и ледничките ефекти да создаде одлив на мраз кој може да биде опасност за околните популации доколку се врати вулканската активност.

Планината се сметала за света од Инките, и таму се откриени голем број археолошки наоѓалишта. Инките го изградиле највисокиот систем за наводнување во светот токму на оваа планина.

Геологија[уреди | уреди извор]

Коропуна е стратовулкан кој потекнува пред околу 1 до 3 милиони години за време на плиоценот. Вулканот постојано бил активен за време на холоценот. Геолозите идентификувале холоценски лавини текови кои се спуштале на растојание од 8,5 километри. Исто така, постојат и депозити на пепел во полупречник од 7 км околу планината. Коропуна припаѓа на заспаните вулкани. Привремената активност е ограничена од неколкуте топлински извори во областа чија температура на водата е од 20 °C до 51 °C. Основата на огромниот вулкан има пречник од околу 20 километар. Областа на планината е обележана со најмалку шест врвови покриени со мраз.

Леден слој[уреди | уреди извор]

Во денешно време, снежната линија поминува на височина од 5300 до 5600 метри. Топењето на ледниците на Андите во голема мера се зголемило во текот на изминатите 50 години. Ако во 1955 година површината на мразот била 122,7 km2, тогаш во 2003 година таа останала само 56,7 км2, што одговара на пад со 54%.

Растопената вода снабдува околу 50.000 жители на провинциите во регионот на Арекипа. Ако процесот на топење продолжи со истото темпо, тогаш по 50 години Коропуна ќе остане без мраз, што ќе доведе до тоа да жителите нема да имаат на разполагање вода за пиење и вода за наводнување.

Света планина[уреди | уреди извор]

Корупона, како и другите планини во Перу, според мислењето на домородните Индијанци, е света планина во која живее богот Апу. Апу е планинско божество, силно почитуван за време на Инките, на кој се пренесувале жртви, за да одговара климата или количината на врнежите на желбите на жителите.

Туризам[уреди | уреди извор]

Искачувањето на врвот технички не е комплицирано, но оддалеченоста на вулканот, големата височина и крајните понекогаш ниски температури бараат доста висока физичка подготовка од алпинистите. Качувањето започнува уште од Лагуна Паларкоча, сместена на југозападното подножје на ледникот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Предлошка:Cite GVP
  2. Bromley et al., 2011, p.305
  3. Úbeda, Jose; Palacios, D.; Vázquez-Selem, Lorenzo. „La evolución glaciovolcánica del Nevado Coropuna desde la transición del Pleistoceno al Holoceno“. researchgate.net (шпански). Lima, Peru: XVI Congreso Peruano de Geología. стр. 4. Посетено на 26 February 2016.
  4. Chuquibamba (32-q) (Map). 1:100,000. IGN (Instituto Geográfico Nacional, Peru).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]