Корисник:Митко Спироски Лешочки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Митко Спироски Лешочки

Биографија[уреди | уреди извор]

Митко Спироски Лешочки е роден 29. Септември 1949 во Лешок,тетовско,општина Теарце, Македонија. Митко Спироски Лешочки Основно училиште завршил во 1960 во Лешок, Осмолтека во 1964 во Теарце и Гимназија во 1968 во Тетово и сите три училишта го носат името на јеромонахот Кирил Пејчинович . Високо образование завршува во 1973 на Економскиот факултет во Скопје. Во 1974 година за прв пат се вработува во Службата на општествено книговодство на РМ-Централа во Скопје, во Секторот за контрола на корисници.Од 1994 година, Службата (СОК) се трансформира и Митко Спироски преминува во Управата за Јавни приходи на Македонија, се до 1997 година. Од 1997 до 2010 година работи во фирмата за финансиски услуги Тим Консалтинг од Скопје. Митко Спироски Лешочки во целиот работен стаж работи на [[финансиска] и фискална проблематика,а потесна специјалност му се даноците и експерт е за данокот на промет на производи и услуги.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Митко Спироски Лешочки има објавено преку 50-на стручни написи во економски и даночни списанија во Македонија, Србија и Хрватска, кои се однесуваат на фаскалните приходи на Македонија.

  • Митко Спироски Лешочки , до 2009 година има објавено 5 книги , од кои 2 книги се од стручната област на фискалната и даночната проблематика и 3 книги се однесуваат на потеклото односно Генеалогијата на својата фамилија и род, како и на народните песни и на спортот во родното место Лешок, Полог и Шар планина.