Конструктивизам (уметност)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Работнички клуб Зуев, 1927–1929 година.

Конструктивизмот бил уметничка и архитектонска филозофија која се јавила во Русија, и тоа во 1915та година од Владимир Татлин и Александар Родченко . Апстрактна и строга, конструктивистичката уметност била насочена кон отсликување на современото индустриско општество и урбаниот простор.[1] Движењето ја одбило декоративната стилизација во корист на индустриското склопување на материјалите. Конструктивистите се залагале за уметност која имала пропагандни и социјални цели и тие главно биле поврзани со советскиот социјализам, болшевиците и руската авангарда .[2]

Конструктивистичката архитектура и уметност имале голем ефект врз модерните уметнички правци од XX век, влијаејќи на главните трендови како што биле движењата Баухаус и Де Стајл. Неговото влијание било широко распространето, особено во архитектурата, скулптурата, графичкиот дизајн, индустрискиот дизајн, театарот, филмот, танцот, модата и, до одреден степен, во музиката.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Корицата на Конструктивизам од Алексеј Ган, 1922 година.

Терминот за првпат бил употребен како израз за потсмев од Казимир Малевич за да го опише делото на Александар Родченко во 1917та година.  Конструктивизмот првпат се појавил како позитивен термин во Реалистичкиот манифест на Наум Габо од 1920та година. Алексеј Ган го употребил зборот како наслов на својата книга Конструктивизам, издадена во 1922та година.[3] Конструктивизмот претставувал развој на рускиот футуризам по Првата светска војна, а особено на „контра-релјефите“ на Владимир Татлин, кои биле изложени во 1915та година. Самиот термин се мисли дека го измислиле вајарите Антоан Певснер и Наум Габо, кои развиле индустриски стил на работа, додека неговата геометриска апстракција му должела нешто и на супрематизмот на Казимир Малевич.

Конструктивизмот како теорија и практика произлегол во голема мера од низата дебати на Институтот за уметничка култура во Москва, од 1920та до 1922та година.По смената на неговиот прв претседател, Василиј Кандински, поради неговиот „мистицизам“, првата работна група на конструктивистите (Љубов Попова, Александар Веснин, Родченко, Варвара Степанова и теоретичарите Алексеј Ган, Борис Арватов и Осип Брик ) развила дефиниција на конструктивизмот како комбинација на фактурата : посебните материјални својства на објектот и тектониката, неговото просторно присуство. Подоцна дефиницијата била проширена и ги вклучувала дизајните на дводимензионални дела, како што се книги или постери, со тоа што монтажата и фактографијата стануваат едни од поважните концепти.

Уметноста во служба на Револуцијата[уреди | уреди извор]

Постер „Агитпроп“ од Мајаковски

Колку и да се вклучиле во дизајните за индустријата, конструктивистите работеле на јавни фестивали и улични дизајни за болшевичката влада по октомвриската револуција. Можеби најпознатото од нив било во Витебск, каде групата на Малевич насликала пропагандни плакети и згради (најпознат е плакатот на Ел Лисицки, Beat the Whites with the Red Wedge (1919)). Инспирирани од декларацијата на Владимир Мајаковски „улиците нашите четки, плоштадите наши палети“, уметниците и дизајнерите учествувале во јавниот живот за време на Граѓанската војна. . Во овој период имало голема преклопување помеѓу конструктивизмот и пролеткултот, чии идеи во врска со потребата да се создаде целосно нова култура се поклопиле со конструктивистите. Покрај тоа, некои конструктивисти биле силно вклучени во „РОСТА Виндоус“, болшевичка кампања за јавно информирање од околу 1920та година. Некои од најпознатите од нив биле на поетот-сликар Владимир Мајаковски и Владимир Лебедев.

Татлин, „Конструктивната уметност“ и продуктивноста[уреди | уреди извор]

Најважното дело на конструктивизмот бил предлогот на Владимир Татлин за Споменикот на третата интернационала (Кулата на Татлин) (1919-20) кој комбинирал естетика на машината со додаток на динамички компоненти кои ја слават технологијата, како што се рефлекторите и екраните за проекција. Габо јавно го критикувал дизајнот на Татлин, велејќи: „Или создадете функционални куќи и мостови или создадете чиста уметност, не и двете“. Оваа изјава предизвикала големи дискусии и раздор во московската група во 1920та година кога Реалистичкиот манифест на Габо и Певснер го воспоставило базисот за ова движење. Тоа било спротивно од утилитарната и прилагодлива верзија на конструктивизмот кои ја пропагирале Татлин и Родченко. Делото на Татлин било поздравено од уметниците во Германија како револуција во уметноста. Кулата никогаш не била изградена, поради недостаток на пари по револуцијата.

Конструктивизам и потрошуваштво[уреди | уреди извор]

Во 1921 година, во Советскиот Сојуз била воспоставена Новата економска политика, што отворила повеќе можности за пазар во советската економија. Родченко, Степанова и други направиле реклама за соработниците кои што биле во конкуренција со други комерцијални бизниси. Поетот-уметник Владимир Мајаковски и Родченко работеле заедно и се нарекувале„ рекламни конструктори “. Заедно тие дизајнирале привлечни слики со светли бои, геометриски форми и задебелени букви. Буквите на повеќето од овие дизајни имале за цел да создадат реакција и тоа емотивна - а повеќето биле дизајнирани за државната стоковна куќа „ Моселпром“ во Москва, за масло за јадење, пиво и други производи, а Мајаковски тврдел дека неговиот стих за Моселпром бил еден од најдобрите што ги напишал некогаш. Покрај тоа, неколку уметници се обиделе да работат со дизајнирање облека но нивниот успе бил дискутабилен: Варвара Степанова дизајнирала фустани со светли, геометриски шари кои биле масовно произведени, а комбинезоните на Татлин и Родченко никогаш не го постигнале тоа и останале недоработени само до форма на прототип. Сликарката и дизајнерка Љубов Попова дизајнирала еден вид на конструктивистички флаперски фустан пред нејзината прерана смрт во 1924та година. Во овие дела, конструктивистите покажале подготвеност да се вклучат во модата и масовниот пазар, притоа обидувајќи се да тоа да го балансираат со нивните комунистички верувања.

Фотографија и фотомонтажа[уреди | уреди извор]

Конструктивистите биле рани развивачи на техниките на фотомонтажа . „Динамичен град“ и „Ленин и електрификација“ на Густав Клуцис (1919-20) се првите примери на овој метод на монтажа, а тоа што било заедничко со дадаизмот е заедно да се склопат фотографии од весниците и со други насликани сегменти. Сепак, конструктивистичките монтажи биле помалку „деструктивни“ од оние на дадаизмот. Можеби најпознатата од овие монтажи била илустрацијата на Родченко за поемата Мајаковски .

Конструктивистички графички дизајн[уреди | уреди извор]

„Proun Vrashchenia“ од Ел Лисицки, 1919 година

Дизајните на кориците на книгите на Родченко, Ел Лисицки и други како Соломон Телингатер и Антон Лавински биле главна инспирација за работата на радикалните дизајнери на Запад, особено на Јан Цихолд . Многу конструктивисти работеле на дизајнирање постери за секаква намена, од кино до политичка пропаганда: првиот бил претставен најдобро со светло обоени, геометриски постери на браќата Стенберг (Георгиј и Владимир Стенберг), а вториот со агитациската фотомонтажна работа на Густав Клуцис и Валентина Кулагина .

Конструктивистичка архитектура[уреди | уреди извор]

Конструктивистичката архитектура произлегла од поширокото конструктивистичко уметничко движење или правец. По Руската револуција во 1917та година, таа го свртела своите внимание кон новите социјални барања и индустриските задачи што ги барал новиот режим. Се појавиле две различни правци, првата во реалистичкиот манифест на Антоан Певснер и Наум Габо, кој се занимавалсо просторот и ритамот, а втората претставувала борба во рамките на Комесаријатот за просветлување помеѓу оние што се расправале за чиста уметност и продуктивистите како Александар Родченко, Варвара Степанова и Владимир Татлин, кои биле социјално ориентирана група која сакала оваа уметност да биде апсорбирана во индустриското производство.[4]

Деконструктивизам[уреди | уреди извор]

Таканаречената деконструктивистичка архитектура поседува елементи од конструктивизмот. Таа била развиена од архитектите Заха Хадид, Рем Колхас и други при крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Заха Хадид по своите скици и цртежи на апстрактни триаголници и правоаголници ја отсликувала естетиката на конструктивизмот. Социјалистичката политичка конотација на рускиот конструктивизам е намалена од деконструктивизмот на Хадид. Проектите на Рем Колхас оживуваат уште еден аспект на конструктивизмот. Конструкциите кои ги содржат елементите на скеле и кран биле користени од многу архитекти приврзаници на овој правец и тоа во финалниот дизајн на нивните објекти.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Супрематизам
  • Анти-уметност
  • Кубистичка скулптура

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. „Constructivism“. Tate Modern. Посетено на 9 April 2020.
  2. Hatherley, Owen. „The constructivists and the Russian revolution in art and achitecture“. The Guardian. Посетено на 9 April 2020.
  3. Catherine Cooke, Russian Avant-Garde: Theories of Art, Architecture and the City, Academy Editions, 1995, page 106.
  4. Oliver Stallybrass; Alan Bullock; и др. (1988). The Fontana Dictionary of Modern Thought (Paperback). Fontana press. стр. 918 pages. ISBN 0-00-686129-6.