Флаперка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клара Боу во 1921, пред да стане позната.
Били Дав во Not for Old Fogies, The Flapper, ноември 1922.

Флаперките биле "нова сорта" на млади жени на Западот во 1920-тите кои го покажувале својот презир за она што тогаш се сметаше за прифатливо однесување. Жените станале поагресивни и одбиле да бидат задржани во домашната сфера.[1]

Тие почнале да работат надвор од домот и не се држеле за традиционалните општествени улоги на жените. Тие биле сметани за значаен предизвик за традиционалните Викторијански полови улоги и за Викторијанската американска концепција за сексуалноста. Флаперките, исто така, се залагале за гласање и правата на жените. На овој начин, флаперките биле резултат на поголемите општествени промени - жените можеле да гласаат во САД во 1920, и религиозното општество беше погодено од Скоупското судење.[2]

Новата Жена ја претставувала економската слобода. Таа имаше кратка косата и носела покомотна облека. Модерната облека беше полесна и пофлексибилна, подобра за модерната жена како флаперката која сакала да спортира. Повеќе не ограничена од страна на тенка половина и долги здолништа, модерната жена од 1920-тите беше независен мислител, која веќе не ги следела конвенциите на оние пред неа.[3] Таа го одби традиционалниот морален код. Скромноста, невиноста и традиционалните концепти за мажественост и женственост беа навидум игнорирани.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Yellis, Kenneth A. „Prosperity's Child: Some thoughts on the Flapper“, „The American Quarterly“, стр. 44–64.
  2. Zeitz 2007: "Here was where the modern culture could prove threatening to the Victorians. The ethos of the consumer market glorified not only self-indulgence and satisfaction, but also personal liberty and choice. It invited relativism in all matters ranging from color schemes and bath soap to religion, politics, sex and morality."
  3. Kriebl, Karen J. From bloomers to flappers: the American women's dress reform movement, 1840–1920. „Ohio State University“: 113–28.