Киро Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Киро Лазаров Илиевски ( 1918 во Димонце, Кратовско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од ситно земјоделско семејство. За време на окупацијата, при крајот на 1943 и почетокот на 1944 година, во неговото село често престојувале единиците на НОВ (кумановскиот партизански баталјон „Јордан Николов“) преку кои одблизу се запознал со целите на народноослободителното движење, па така и тој станал симпатизер и активен помагач. Во септември 1944 година, стапил во единицата што дејствувала во тој крај, а покасно станал борец во Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Како борец со војничко искуство покажувал пример на храброст и ги подучувал помладите како треба да се борат и штитат од непријателот. По конечното ослободување на Македонија, земал учество во борбите против остатоците од балистичките банди. Загинал на 30 декември 1944 година во една борба крај Гнилане. Во истата битка се убиени и неговите соборци од Кратовско: Стојчо и Стојко Ивановски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 37.