Стојчо Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојчо Василков Ивановски ( 1919 во Страцин, Кратовско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Одраснал во селско земјоделско семејство. Основно четиригодишно образование завршил во родното село. По завршувањето на училиштето останал дома, помагајќи на своите родители во земјоделските работи. Подоцна, повремено одел на сезонски работи во други места, каде ја почувствувал суровата експлоатација, обесправеност и националната угнетеност. Огорчен од нечовечките односи и денационализацијата, станал симпатизер на народноослободителното движење. Во селото Страцин честопати престојувале партизанските единици и во текот на 1944 година стапил во редовите на НОВ. Во составот на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада учествувал во ослободувањето на Страцин, Куманово, Прешево, Бујановац и други места. Како борец бил решителен, скромен и трудољубив. Како таков уживал посебен углед во бригадата и припаѓал на групата борци на кои им биле доверувани одговорни задачи. Во борбите што се воделе за ослободување на Гнилане, тој бил во првите борбени редови. При навлегувањето во градот, на 30 декември 1944 година бил смртно погоден и загинал. Во истата битка се убиени и неговите соборци од Кратовско: Киро Илиевски и Стојко Ивановски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 37.