Кирил Манасиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 23 јуни 1909
Гевгелија, Османлиска империја
(денес Македонија)
Починал 18 април 1936(1936-04-18) (воз. 26 г.)
Софија, Царство Бугарија

Кирил Стефанов Манасиев - Вечерин бил македонски револуционерен и културно-национален деец[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е 1909 г. во Гевгелија. На 15-годишна возраст, како ученик во прогимназијалните класови ги запишал своите први стихови. По Првата светска војна Манасиеви се преселиле во Благоевград. Таму Кирил работел како секретар на Гевгелиското братство и претседател на друштвото „Роден крај“. Во читалиштето, во соработка со Ангел Динев, Митко 3афировски и други истакати македонски национални дејци, се организираат културно-уметнички настани со македонска национална тематика. Манасиев е автор на бројни социјално-патриотски и сатирични стихотворби, раскази, хуморески и драмски текстови под псевдонимите „Виолетко“, „Вио“. „Лоранс“, „Неранзин“ и „Вечерин“[2]. Објавувал свои песни во весниците „Македонски вести“, „Македонска земја“, „Весело пладне“, „Солзи и смех“ и тоа најчесто под псевдонимот „Вечерин“. Стихозбирката „Сончогледи“ ја објавил во 1924 г. Починал во 1936 г.

Кирил е внук од брат на Аргир Манасиев.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, Том II, МАНУ, Скопје, 2009, 908 стр.
  2. Aнгелъ Диневъ: „Kирилъ Манасиевъ (Вечеринъ)“, „Maкeдoнски вeсти “, II, 54, Софија 29. IV 1936, 2