Прејди на содржината

Кинезиологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Значењето на кинезиолошките активности во минатото и денес

[уреди | уреди извор]

Уште Старите Грци го увидуваат значењето на физичкото воспитание и настојуваат, со сите средства децата на робовладетелите да ги развијат во снажни и издржливи војници и добри управувачи, се обрнувало големо внимание на хармонскиот развиток на сите физички и психички способности на човекот, и таквиот однос кон физичкото воспутување ја развил големата љубов кон гимнастиката и игрите,со што добил и своја кулминација во Олимпијските игри.

Хуманизмот и ренесансата повторно го поставиле прашањето за хармониското развивање на човекот, и се зголемил и интересот за кинезиолошките активности, бидејќи поодделни педагози од оваа епоха ја истакнувале потребата за поголемо внимание на кинезиолошките активности на младото поколение, а меѓу авторите кои се залагале се: Мор, Рабле, Кампанела, Коменски, како и Џон Лок во своето дело „Мисли за воспитанието“ и дал големо значење на кинезиолошките активности и тој советувал да се посвети големо внимание на јакнењето на здравјето и телесната конструкција, а посебно кај него има акцент на престојот на децата на чист воздух.

Трчање како кинезиолошка активност

Еден од калсиците на педагогиката Жан Жак Русо, во однос на кинезиолошките активности, вели дека „тоа треба да почне од самото раѓање“. Тоа, по него, не може да се оддели од умното е естетското воспитание, врз основа на овие и слични образложенија и мислења за кинезиолошките активности, од ден на ден, сè повеќе се истиснува мислењето дека физичкиот развиток на младиот организам се одвива сам по себе, на основа на сопственото делување на истиот и дека за таа цел не е потребно никаво планско раководење.

Во XVIII век, под влијание на идеите на Жан Жак Русо, во Германија се организирале специјални школи за кинезиолошки активности, кои подоцна се развиле во целосен гимнастички систем. Истиот дал поттик во XIX век да се осниваат слични гимнастички системи во другите земји во Европа како на пример во Шветска, Чехословачка и др. Работата на популаризирањето на кинезиолошките активности од страна на Јан, Линг, Тирш, Лесгафт, придонело за потполно разбирање на важноста, значењето и потребата од кинезиолошките активности.

Кинезиолошките активности треба да придонесат за максимален развој на сите функции и органи на организмот. Се ова придонесува за преземање на низа мерки кои овозможуваат по правилен физички развиток на младите луѓе. Но во овој период сè уште не било доволно јасно разбрана суштината на кинезиолошките активности, главно, сите тие настојувања биле насочени кон физичкото развивање, а не било доволно воочено значењето на кинезиолошките активности за развиток и формирање на целокупната личност.

Основачите на Марксизмот – ленинизмот, укажувајќи дека психичкото и физичкото неразделно се поврзани дека е психичкиот живот „производ на специфичен начин организирана материја“ ( Ленин) ги ликвидира сите такви погрешни и не научни разбирања, и одовде произлегува дека физичката структура е база на психичкиот живот и со преземање мерки за правилен физички развиток се овозможува, во голема мера и за правилниот развиток на сите психички функции.

Маркс и Енгелс многу ја ценеле кинезиолошката активности и во општиот систем на воспитанието му обрнувале сериозна грижа, нагласувале дека поимот воспитание содржи три компоненти : „Умно, физичко вопитание и политехничка настава“. Врз основа на овие постапки на класиците на Марксизмот кинезиолошките активности добиваат многу важна улога во општиот систем на воспитанието. Преку правилното и системско спроведување на истото се овозможува правилното развивање и на психичките процеси и својства и придонесува за формирањето на правилен поглед на светот.

Исто така правилното физичко воспитание овозможува и правилното оформување на моралниот лик на човекот. Поаѓајќи од ова основата на значењето на кинезиолошките активности и неговата поврзаност со другите видови на воспитание за потполно формирање на младата личност, во последно време голем број педагози му обрнуваат многу сериозно внимание.

Кинезиолошките активности првенстено треба да служат за унапредување на здравјето во најширока смисла на зборот. Но не се застанува тука, зашто кинезиолошките активности денес е сложен и многу сложен процес. Грижата за телото е само појдовна точка во отварувањето на крајната цел – сестрано развиена личност, тоа во голема мера помага и на интелектуалното, морално и естетско оформување на човекот, со тоа кинезиолошките активности си го заземаат правото место во системот на воспитанието воопшто, тоа станува негов неразделен дел без кои нема потполно образование.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]