Прејди на содржината

Развојна психологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Развојна психологија, исто така позната како развој на човекот е научна студија за систематските психолошки промени кои се случуваат во човекот во текот на неговиот живот. Во почетокот се занимавала со новороденчињата и децата, а потоа областа се проширила и на адолесценцијата, развојот на возрасните, стареењето и на целиот животен век. Оваа област ги проучува промените во широк спектар на теми, вклучувајќи моторни вештини и други психо-физиолошки процеси, когнитивниот развој кој вклучува области како што се: решавање на проблеми, морално разбирање и концептуално разбирање, усвојување на говор, социјален, личен и емоционален развој, поим за себе (селф-концепт) и формирање на идентитет. Развојната психологија вклучува прашања како на пример до кој степен се случува развојот преку постепеното собирање на знаење во споредба со фазата како развој или до кој степен децата се раѓаат со вродени ментални структури во споредба со учење низ искуство. Многу истражувачи се заинтересирани за поврзаноста помеѓу личните одлики, однесувањето на поединецот и срединските фактори, вклучувајќи го и социјалниот контекст, како и нивното влијание врз развојот, додека други истражувачи имаат помалку фокусиран пристап. Развојната психологија влијае на неколку применети области како што се: образовна психологија, психопатологија на дете и судска развојна психологија. Развојната психологија надополнува неколку други основни истражувачки области во психологијата како социјална психологија, когнитивна психологија, еколошка психологија и компаративна психологија.

Пристапи

[уреди | уреди извор]

Многу теоретски гледишта се обидуваат да го објаснат развојот, меѓу најпознатите се: теорија на фазата на Жан Пјаже (Jean Piaget), социјален конструктивизам на Лав Виготски (Lev Vygotsky) (и неговите наследници, културна теорија на развојот на Мајкл Кол (Michael Cole) и теоријата на еколошките системи на Ури Бронфенбренер (Urie Bronfenbrenner)), социјална теорија на учење на Алберт Бандура (Albert Bandura), и рамката за обработка на информации употребена од страна на когнитивната психологија. Во помала мера, историските теории продолжија да обезбедуваат основа за дополнителни истражувања. Меѓу нив се и осумте фази на психосоцијалниот развој на Ерик Ериксон (Erik Erikson) и бихевиоризамот на Џон Б. Вотсон (Jonh B. Watson) и Б. Ф. Скинер (B.F. Skinner) (за повеќе информации за улогата на бихевиоризамот види Анализа на однесувањето на развојот на детето). Многу други теории се видливи за нивните придонеси во одредени аспекти на развојот. На пример, теоријата за врзувањето ги опишува видовите на интерперсоналните односи, а Лоренс Колберг (Lawrence Kohlberg) ги опишува фазите за морално размислување.

Теоретичари и теории

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Теории на развојната фаза

  • Џон Болби (Jonh Bowlby), Хари Харлоу (Harry Harlow), Мери Еинсворт (Mary Ainsworth): Теорија за врзувањето
  • Ури Бронфенбренер (Urie Bronfenbrenner): Социјалната екологија на човековиот развој *Џероми Бранер (Jerome Bruner): Когнитивен (конструктивист), Теорија на учење / Раскажувачка конструкција на реалноста
  • Ерик Ериксон (Erik Erikson): Фази на Ериксон за психосоцијалниот развој
  • Сигмунд Фројд (Sigmund Freud): Психосексуален развој
  • Џероми Кеган (Jerome Kagan) : Пионер на развојната психологија
  • Лоренс Колберг (Lawrence Kohlberg): Фази на Колберг на моралниот развој
  • Жан Пјаже (Jean Piaget): Теорија на когнитивниот развој, Генетска епистемиологија
  • Лав Виготски (Lev Vygotsky): Социјалнен конструктивизам, Зона на проксимален развој
  • Рувен Фјуерстин (Reuven Feuerstein): Структурно когнитивна променливост
  • Џудит Рич Харис (Judith Rich Harris): Модуларна теорија на социјалниот развој
  • Еленор Гибсон (Eleanor Gibson): Еколошка психологија
  • Роберт Кеган (Robert Kegan): Развој на возрасните

Фази на Пјаже за когнитивниот развој

[уреди | уреди извор]

Главни статии: Жан Пјаже и Теорија на когнитивниот развој Пјаже бил швајцарски теоретичар кој зборувал француски кој претпоставувал дека децата учат преку активна изградба на нови знаења преку практично искуство. Тој посочил дека улогата на возрасните, за да им помогне на децата да учат, е да обезбедат соодветни материјали за детето за да комуницира и да се изгради. Исто така, создал фази на развој. Неговиот пристап може да се види во начинот на кој наставните програми се спроведуваат во училиштата и во педагогијата за децата од предучилишните центри во САД.

Културно - историска теорија на Виготски

[уреди | уреди извор]

Главни статии: Лав Виготски и Културно - историска психологија Виготски бил теоретичар од Советскиот Сојуз, кој претпоставувал дека децата учат преку практично искуство, како што предложил Пјаже. Сепак, за разлика од Пјаже, тој тврдел дека навремено и внимателно интервенирање од страна на возрасните кога детето е на работ на учење на нова задача (наречена „зона на проксимален развој“) може да им помогне на децата да научат нови работи. Оваа техника се нарекува „скеле“, затоа што се заснова врз знаењето кое децата веќе го имаат стекнато со нови знаења врз основа на кое возрасните можат да им помогнат на децата да научат. Виготски бил силно фокусиран на улогата на културата во одредувањето на начинот на развој на детето, тврдејќи дека развојот се движи од општественото ниво кон поединечното ниво.

Теорија на еколошки системи

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Теорија на еколошки системи Исто така наречена теорија на „Развој во контекст“ или „Човекова екологија“, теорија на еколошките системи, првпат создадена од Ури Бронфенбренер, кој одредува четири видови на вградени еколошки системи со двонасочни влијанија во и помеѓу системите. Четирите системи се: микросистем, мезосистем, екосистем и макросистем. Секој систем содржи улоги, норми и правила кои може силно да го оформат развојот. Од нејзиното објавување во 1979 година, важната изјава за оваа теорија на Бронфенбренер, „Екологијата на човековиот развој“ имаше големо влијание врз начинот на кој психолозите и другите пристапи го изучуваат човекот и неговата животна средина. Како резултат на оваа концептуализација на развојот, овие животни средини, од семејството до економските и политички структури, се гледаат како дел од животот од детството преку зрелоста.

Теорија за врзувањето

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Теорија за врзувањето Теорија за врзувањето, првпат развиена од страна на Џон Болби, се фокусира на отворени, интимни, емотивно значајни врски. Врзувањето е опишано како биолошки систем или моќен импулс за опстанок кое настанало за да се осигура опстанокот на детето. Дете на кое му се обрнува или му се дава посебно внимание ќе се приврзе кон родителите кои создаваат чувство на физичка, емоционална и психолошка сигурност за поединецот. Подоцна, Мери Еинсворт го создала протокол на необична ситуација и концепт на безбедната основа. Исто така, видете критика од страна на пионерот на развојната психологија, Џероми Кеган. За жал, постојат ситуации кои го спречуваат детето од формирање на врзувањето. Некои бебиња растат без доволно внимание од страна на родителот или заклучени под услови на злоупотреба или екстремно занемарување. Можните краткорочни ефекти од ова лишување се лутина, очај, повлекување и трајно задоцнување на интелектуалниот развој. Долгорочни ефекти вклучуваат зголемена агресија, несамостојно однесување, повлекување, психосоматски нарушувања и зголемен ризик од депресија во зрелоста.

Вродено / Стекнато

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Вродено наспроти стекнато Значаен проблем во развојната психологија е односот меѓу вроденото и влијанието на животната средина во однос на кој било конкретен аспект на развој. Ова често се нарекува „вродено наспроти стекнато“ или нативизам наспроти емпиризам. Нативист кој го проучува развојот тврди дека процесите се вродени, дека се одредени од гените на организмот, додека од емпириска гледна точка се тврди дека тие процеси се стекнати со интеракција со животната средина. Денес, психолозите кои се занимаваат со развојна психологија ретко земаат такви екстремни позиции во однос на повеќето аспекти на развој, туку тие го истражуваат, меѓу многу други нешта, односот меѓу вроденото и влијанијата на животната средина. Еден од начините на кои овој однос е истражуван во последниве години е преку новите области на еволутивната развојна психологија. Областа каде дебата за овие вродености беше видливо прикажана е во истражувањето за усвојување на говорот. Главно прашање во оваа област е дали или пак не некои својства на човековиот јазик се одредени генетски или може да се стекнат преку учење. Емпирискиот став за проблемот за усвојување на говорот укажува дека влезните информации на јазикот ги обезбедуваат потребните информации потребни за учење на структурата на јазикот и дека новороденчињата го усвојуваат говорот преку процес на статистичко учење. Од оваа гледна точка, говорот може да се усвои преку општи методи на учење кои исто така се применуваат и на другите аспекти на развој, како што е перцептуалното учење. Нативистичкиот став тврди дека влезните информации од јазикот се премногу сиромашни за новороденчињата и децата да ја усвојат структурата на говорот. Јазичарот Ноам Чомски (Noam Chomsky) тврди дека, потврдено од страна на недостаток на доволно информации во јазикот, постои универзална граматика која се однесува на сите јазици и е претходно одредена. Ова доведе до идејата дека постои посебен когнитивен модул соодветен за учење јазик, често нарекуван вродена способност за совладување на говорот. Критиката на Чомски за бихевиористичкиот модел за усвојување на говорот, од многумина општо се смета како клучна пресвртна точка за намалување на важноста на теоријата на бихевиоризмот. Но, концептот на Скинер за „Вербалното однесување“ не умре, можеби делумно поради тоа што успешно се применува во практика.

Механизми на развој

[уреди | уреди извор]

Развојната психологија се занимава не само со опишувањето на одликите на психолошките промени со текот на времето, но исто така сака да ги објасни принципите и внатрешните работи кои лежат во основата на овие промени. Психолозите се обиделе да ги разберат подобро овие фактори со користење на модели. Развојните модели понекогаш се статични, но и не мора да бидат. Моделот едноставно мора да води сметка за средствата со кои се одвива процесот. Ова понекогаш е направено во врска со промените во мозокот што може да одговара на промени во однесувањето во текот на развојот. Статистичките описи на развојот често користат модели на симболични, поврзувачки (нервна мрежа) или динамични системи за објаснување на механизмите на развој.

Истражувачки области

[уреди | уреди извор]

Когнитивен развој

[уреди | уреди извор]

Главни статии: Когнитивен развој, Теорија на когнитивниот развој, теории на следбениците на Пјаже за когнитивниот развој Когнитивниот развој првенствено се занимава со начините на кои новороденчињата и децата ги стекнуваат, развиваат и користат внатрешните ментални способности како што се решавање на проблемот, меморија и говор. Главни теми на когнитивниот развој се студиите за усвојување на говорот и развој на перцептивните и моторни вештини. Пјаже бил еден од првите највлијателни психолози кој го проучувал развојот на когнитивните способности. Неговата теорија укажува дека развојот продолжува преку збир на фази од детството до зрелата возраст и дека таму е крајната точка или целта. Други гледишта, како на пример на Лав Виготски, укажуваат дека развојот не напредува низ фазите, туку дека развојниот процес кој почнува со раѓањето и трае сè до смртта е премногу сложен за таква структура и дефинитивност. Современиот когнитивен развој ги обедини размислувањата од когнитивната психологија и на психологијата на поединечните разлики во објаснувањето и моделирањетро на развојот. Конкретно, теориите на следбениците на Пјаже за когнитивниот развој покажаа дека последователните нивоа или фази на когнитивниот развој се поврзани со зголемување на ефикасноста за обработување на информации и на капацитетот на работната меморија. Овие зголемувања го објаснуваат напредувањето кон повисоките фази, а поединечните разлики во таквите зголемувања кај лица на иста возраст ги објаснуваат разликите во когнитивните перформанси. Други теории се оддалечија од фазите на теориите на Пјаже и се под влијание на гледиштата на доменот за обработка на специфични информации, кои претпоставуваат дека развојот е воден од страна на одредени вродени еволутивни процеси и содржината на механизмите за обработка на специфичните информации.

Социјален и емоционален развој

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Социјална психологија (психологија) Психолозите кои се занимаваат со развојната психологија, кои се заинтересирани за социјалниот развој истражуваат како поединци развиваат социјални и емоционални способности. На пример, тие проучуваат како децата стекнуваат пријателства, како ги разбираат и како се справуват со емоциите и како се развива идентитетот. Истражувањето во оваа област може да вклучи изучувањето на односите меѓу когнитивниот развој и социјалното однесување.

Истражувачки методи

[уреди | уреди извор]

Развојната психологија употребува голем дел од истражувачките методи кои се користат во другите области на психологијата. Сепак, новороденчињата и децата не можат секогаш да бидат проучувани на истиот начин како возрасните, за изучување на нивниот развој често се користат различни методи.

Методи и техники

[уреди | уреди извор]

Когнитивниот развој првенствено се занимава со начините на кои новороденчињата и децата ги стекнуваат, развиваат и користат внатрешните ментални способности како што се решавање на проблемот, меморија и говор. Главни теми на когнитивниот развој се студиите за усвојување на говорот и развој на перцептивните и моторни вештини. Пјаже бил еден од првите највлијателни психолози кој го проучувал развојот на когнитивните способности. Неговата теорија укажува дека развојот продолжува преку збир на фази од детство до зрелата возраст и дека таму е крајната точка или целта. Други гледишта, како на пример на Лав Виготски, укажуваат дека развојот не напредува низ фазите, туку дека развојниот процес кој почнува со раѓањето и трае сè до смртта е премногу сложен за таква структура и дефинитивност. Современиот когнитивен развој ги обедини размислувањата од когнитивната психологија и на психологијата на поединечните разлики во објаснувањето и моделирањетро на развојот. Конкретно, теориите на следбениците на Пјаже за когнитивниот развој покажаа дека последователните нивоа или фази на когнитивниот развој се поврзани со зголемување на ефикасноста за обработување на информации и на капацитетот на работната меморија. Овие зголемувања го објаснуваат напредувањето кон повисоките фази, а поединечните разлики во таквите зголемувања кај лица на иста возраст ги објаснуваат разликите во когнитивните перформанси. Други теории се оддалечија од фазите на теориите на Ријаже и се под влијание на гледиштата на доменот за обработка на специфични информации, кои претпоставуваат дека развојот е воден од страна на одредени вродени еволутивни процеси и содржината на механизмите за обработка на специфичните информации.

Истражувачки модели

[уреди | уреди извор]

Психолозите кои се занимаваат со развојната психологија користат голем број методи за проучување промени кои настануваат кај поединците со текот на времето. Во надолжна студија, истражувач надгледува многу лица кои се родени во исто или приближно исто време (група) и врши нови набљудувања на група членови на иста возраст. Овој метод може да се користи за да се извлечат заклучоци за тоа кои видови развој се универзални (или нормативни) и се јавуваат кај повеќето членови на една група. На пример, надолжна студија за раниот развој на писменоста детално ги испитува раните искуства за писменост на по едно дете во 30 семејства. Истражувачите, исто така може да го забележат начинот на кој развојот варира меѓу поединците и да даде претпоставки за причините на разликите кои се забележани во нивните податоци. Лонгитудиналните студии често траат многу време и бараат големи материјални средства, што претставува тешкотија да се изведат во некои ситуации. Исто така, поради тоа што членовите на една група, сите доживуваат историски настани единствени за нивната генерација, очигледно е дека нормативните развојни трендови во суштина може да се универзални само на нивната група. Во студијата на попречен пресек, истражувач ги испитува разликите меѓу поединци од различни возрасти во исто време. Оваа студија обично бара помалку материјални средства од надолжниот метод и поради тоа што поединците потекнуваат од различни групи, споделените историски настани не се толку многу изненадувачки фактори. Сепак, на истиот начин, истражувањето со методот на попречен пресек не може да биде најефикасниот начин да се проучуваат разликите меѓу учесниците, бидејќи овие разлики не може да произлегуваат од нивната различна возраст, туку од нивната изложеност на различни историски настани. Трета студија, студија на група, ги комбинира двете методологии. Овде, истражувач истовремено надгледува група деца од различна возраст, а потоа ги следи сите учесници во текот на времето, забележувајќи ги промени во групите. Забележително, сите се заемно поврзани, не експериментални, методи и така од никој не може лесно да извлечеме заклучоци од податоците што ги дава. Сепак, заемно поврзаните истражувачки методи се вообичаени во изучувањето на развојот, делумно поради етичките проблеми.

Фази на развој

[уреди | уреди извор]

Исто така видете: Фази на развој на детето

Преднатален развој

[уреди | уреди извор]

Видете: Преднатален развој и преднатална психологија Пренаталниот развој е од интерес за психолозите кои го испитуваат контекст на раниот психички развој. На пример, некои примитивни рефлекси се појават пред раѓањето и сè уште се присутни кај новороденчињата. Се претпоставува е дека овие рефлекси се атрофирани и имаат ограничена употреба во почетокот на човековиот живот. Теоријата на Пјаже за когнитивниот развој укажува дека некои примитивни рефлекси се градежни блокови за сензомоторниот развој на новороденчињата. На пример, тоничниот рефлекс на вратот може да го помогне развојот со што им помага на новороденчињата да ги гледаат предметите. Други рефлекси, како што е рефлексот на одење исчезнува и подоцна во раното детство е заменет со поусовршена доброволната контрола. Ова може да е поради тоа што новороденчето добива премногу тежина по породувањето да се биде доволно силно да го користи рефлексот или поради тоа што рефлексот и последователниот развој се функционално различни. Исто така се укажува дека некои рефлекси (на пример, Моро рефлексот и рефлексите на одење) се претежно приспособување на животот во утробата со мала поврзаност со раниот детски развој. Примитивните рефлекси повторно се појавува кај возрасните во одредени услови, како на пример, невролошки заболувања како деменција или трауматски лезии. Ултразвукот покажа дека новороденчињата се способни за голем број движења во утробата, од кои за многу се чини дека се повеќе од примитивни рефлекси. Кога се раѓаат, новороденчињата може да го препознаат и го претпочитаат гласот на својата мајка што укажува на преднатален развој на аудитивната перцепција. Исто така, преднаталниот развој и компликациите при раѓањето може да бидат поврзани со невроразвојните болести, на пример со шизофренија. Со појавувањето на когнитивните невронски мрежи, ембриологијата и невронските мрежи на преднаталниот развој станаа од голем интерес за истражувањето на развојната психологија.

Главни статии: Психологија на новороденчињата и децата и Когнитивен развој на новороденчињата Од раѓањето до почетокот на говорот, детето се нарекува новороденче. Психолозите кои се занимаваат со развојната психологија значително се разликуваат во нивните мислења за психологијата на новороденчињата и влијанието на надворешниот свет, но некои аспекти се релативно јасни. Поголемиот дел од времето, новороденчињата го поминуваат во спиење. Првин ова спиење е рамномерно низ целиот ден и ноќ, но по неколку месеци, обично поминуваат сè помалку време во спиење и повеќе време се во будна состојба. Може да се види дека новороденчињата низ шест состојби, групирани во парови:

  • состојба на длабок сон и состојба на лесен сон (кој се јавува РЕМ);
  • будна неактивност и будна активност;
  • поспаност и плачење;

Новороденчињата различно реагираат на овие состојби. Приспособувањето (види погоре) се користи да се открие резолуцијата на перцептивните системи, што укажува дека основните перцептивни способности кај новороденчињата се развиваат пред стекнувањето на трајноста на предметите.

  • Видот е значително полош кај новоренчињата отколку кај постарите деца. Видот кај новороденчињата, матен во раните фази, се подобрува со текот на времето. Перцепцијата на боите, слична на онаа кај возрасните, е докажана кај новороденчиња на возраст од четири месеци, со користење методи на приспособување.
  • Слухот е добро развиен пред раѓање. Новороденчињата се прилично добри во откривање на правецот од кој доаѓа звук и до 18 месеци нивната способност за слушање е приближно еднаква со онаа кај возрасните.
  • Мирисот и вкусот се развиени, новороденчињата покажуваат различни изрази на одвратност или задоволство кога се создава пријатен мирис (мед, млеко, итн.) или непријатни мириси (расипано јајце) и вкусови (на пример, кисел вкус). Постои добар доказ дека новороденчињата го претпочитаат мирисот на нивната мајка отколку мирисот на другите луѓе.
  • Говор. На возраст од околу шест месеци новороденчињата може да прават разлика помеѓу фонеми во својот јазик, но не и меѓу слични фонеми од друг јазик. Исто така, во оваа фаза новороденчињата почнуваат да брборат, за создаваат фонеми.
  • Допирот е едно од подобрите развиени сетилата по раѓањето, кој прв се развива во матката. Ова е потврдено од страна на примитивните рефлекси опишани погоре и на релативно напредниот развој на соматосензорната кора.
  • Болка. Исто така, новороденчињата чувствуваат болка, ако не и посилна од постарите деца, но на олеснувањето на болката како област на истражување кај новороденчињата не се обрнува толку многу внимание.

Рана теоријата на развој на детето беше сензомоторната фаза на теорија на Пјаже за когнитивниот развој. Пјаже укажал дека перцепцијата на новороденчето и разбирањето на светот зависи од нивниот моторен развој, кој е потребен за детето да ги поврзе визуелните, допирни и моторни претстави на предметите. Според ова гледиште, преку допирање и фаќање на предметите, новороденчињата развиваат трајност на предметите, сфаќање дека предметите се цврсти, трајни и продолжуваат да постојат дури и кога не ги гледаат. Сензомоторната фаза на Пјаже се состои од шест потфази (за повеќе детали видете сензомоторни фази). Во раните фази, развојот произлегува од движењата предизвикани од примитивни рефлекси. Откривање на нови однесувања произлегува од класичното и оперативното формирање на автоматски реакции и создавањето на навики. Од осум месеци новороденчето е способно да открие скриен предмет, но ќе издржи кога предметот е преместен. Доказите на Пјаже за некомплетното разбирање на трајноста на објектите пред 18 месеци беше неуспехот на новороденчето да го бара предметот каде што последен пат беше виден. Наместо новороденчињата да продолжат да го бараат предметот каде што беше првпат е виден, ја прават „грешката А не Б“. Подоцна научниците спровеле голем број на други тестови кои покажуваат дека помладите новороденчиња разбираат повеќе за предметите отколку се сметало. Овие експерименти обично вклучуваат играчка и едноставна пречка, која е сместена пред играчката, а потоа постојано се остранува. Пред возраст од осум до девет месеци, неможноста на новороденчињата да ја разберат трајноста на предметот ги засега луѓето, што објаснува зошто бебињата на оваа возраст не плачат кога нивните мајки ги нема („далекуод очите, далеку од умот“). Постојат критичните периоди во раното детство за време на кои развојот на одредени перцепциски, сензомоторни, општествени и јазични системи клучно зависи од стимулација на животната средина. Концептот на критичните периоди е исто така добро воспоставен во невропсихологијата. Некои сметаат дека класичната музика, особено онаа на Моцарт е добра за умот на новороденчето, додека некои несигурни истражувања покажаа дека е корисна и за постарите деца.

Најрано детство

[уреди | уреди извор]

Интелигенција се докажува со употребата на симболи, употребата на говорот и како се развива меморијата и имагинација. Се размислува на нелогичен, непромислен начин. Преовладува егоцентричното размислување. Општествено, новороденчињата се мали луѓе кои се обидуваат да станат независни во оваа фаза. Тие одат, зборуваат, го користат тоалетот и добиваат храна за себе. Почнува да се развива самоконтрола. Ако иницијативата да истражуваат, експериментираат, да прават грешки кога испробуваат нови работи и да ги тестираат своите граници е охрабрена од родителот / родителите детето ќе стане автономно, независно, и уверено. Доколку родителот претерано се грижи за детето или не ги одобрува независните дејства, детето може да почнете да се сомнева во своите способности и да се чувствува засрамено од желбата за независност. Независниот развој на детето ќе биде спречен, и детето ќе биде помалку подготвено успешно да се справи со светот во иднина.

Рано детство

[уреди | уреди извор]

Исто така наречено „предучилишен период“, „период за истражување“ и „период кога децата се играат“. Кога децата посетуваат забавиште, тие ги прошируваат своите општествени хоризонти и повеќе се вмешуваат со тие околу нив. Нагоните се насочени кон фантазирање и задачата на воспитувачите е да ја урамнотежат желбата за авантура, креативност и самоизразразување со развојот на одговорност. Ако правилно се грижат за поттикнување и постојано одржување на дисциплината, децата се со поголема веројатност да развијат позитивно мислење за себе додека да станат поодговорни и ќе ги следат преку доделените активности. Ако не е дозволено да се одлучи кои активности да се преземат, децата можат да почнат да чувствуваат вина по размислувањето за преземање иницијатива. Оваа негативна асоцијација со независност ќе доведе другите да донесуваат одлуки наместо нив.

Доцно детство

[уреди | уреди извор]

Во средината на детството, интелигенција е докажана преку логичка и систематска манипулација со симболи поврзани со конкретни предмети. Се развива оперативното размислување што значи дека дејствата се повторливи и се намалува егоцентричното мислење. Децата преминуваат од светот на домот во оној на училиштето и врсниците. Децата учат да создаваат нешта, да користат алатки и како и да стекнуваат вештини. Децата сега може да добијат повратни информации од аутсајдери за нивните достигнувања. Доколку децата можат да откријат задоволството во интелектуална стимулација, дека се продуктивни, да бараат успех, тие ќе развијат чувство за способност. Доколку тие не се успешни или не можат да откријат задоволството во тој процес, тие може да развијат чувството на потчинетост и чувство на несоодветност кое може да ги прогонува цел живот. Ова е ситуација кога децата мислат за себеси дека се работливи и потчинети.

Адолесценција

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Психологија на адолесценти Адолесценцијата е период од животот меѓу почетокот на пубертетот и целосната посветеност на возрасната општествена улога, како работник, родител и / или граѓанин. Тоа е периодот познат по создавањето на личниот и општествениот идентитет (види Ерик Ериксон) и откривањето на моралната цел (види Вилијам Дејмон). Интелигенција е докажана преку логичката употреба на симболи поврзани со апстрактните поими и формалното размислување. Во почетокот на периодот често се јавува враќање кон егоцентричното мислење. Само 35% ја развиваат способноста за формално размислување во текот на адолесценцијата или зрелоста. (В. Хјуит и Џ. Хамел, јануари 1998 година) Адолесценцијата опфаќа два периода и тоа:

  1. Рана адолесценција: од 13 до 16 години
  2. Средна адолесценција: од 17 до 19 години и
  3. Доцна адолесценција: од 20 до 24 години ( исто така е и првата фаза кон премин во рана зрелост.)

Адолесцент несвесно истражува прашања како на пример: „Кој сум јас? Кој сакам да бидам?“. Како мали деца, адолесценти треба да истражуваат, да тестираат ограничувања, да станат независни и да создадат идентитет или чувство за себе. За да изберат идентитет мора да бидат испробани различни улоги, однесувања и идеологии. Конфузија (мешање) на улогите и неможност да се избере професија може да резултира од неуспехот да се постигне чувство на идентитет.

Рана зрелост

[уреди | уреди извор]

Лицето мора да научи како да создаде интимни односи во пријателството и во љубовта. Развојот на оваа вештина зависи од решавањето на другите фази. Доколку некој не развие доверба или чувство на идентитет, може да биде тешко да се воспостави интимност. Ако оваа вештина не е научена, алтернативата е отуѓување, издвоеност, страв од обврска и неможноста да се биде независен. Научниците кои ја проучуваат зрелоста се заинтересирани не само за развојот на односите, туку и за развојот на социо-политичките гледишта и професионалните избори.

Средна возраст

[уреди | уреди извор]

Средната возраст главно се однесува на периодот од 40 до 60 години. Во текот на овој период, средовечните луѓе се соочуваат со судир меѓу генеративноста и стагнацијата. Тие можe да чувствуваат дека придонесуваат за идната генерација и нивната заедница или да се чувствуваат бесцелни. Физички, средновечните луѓе доживуваат пад на мускулната сила. Исто така, жените доживуваат менопауза и остар пад на хормонот естероген. Мажите имаат еквивалент на менопауза, кој се нарекува андропауза, кој претставува хормонска нестабилност со физички и психолошки ефекти слични на менопаузата. Намаленото ниво на тестостерон се одразува во промени на расположението и намалување на бројот на сперматозоиди и брзината на ејакулација и ерекцијата. Повеќето мажи и жени остануваат способни за сексуално задоволство по средната возраст. Споредете фази на Ериксон на физичкиот развој.

Оваа фаза главно се однесува на оние кои се на возраст од 60 до 80 години. Во текот на староста, луѓето доживуваат судир помеѓу интегритетот и очајот. Кога староста се одразува врз нивниот живот, тие имаат чувство на успех или неуспех. Физички, постарите луѓе доживуваат намалување на мускулната сила, времето на реакција, издржливоста, слухот, видот и на сетилото за мирис. Исто така, поради ослабен имунолошки систем сè повеќе се склони кон тешки болести како рак и пневмонија. Исто така, може да се појави ментално распаѓање, што води до деменција или Алцхајмерова болест. Сепак, делумно поради собирањето на антитела во текот на животот, старите луѓе се со помала веројатност да страдаат од вообичаени болести, како што е настинката. Прашањето дали интелектуална моќ се зголемува или намалува со возраста останува контроверзно. Лонгитудиналните студии укажуваат дека интелектот се намалува, додека студии на попречниот пресек укажуваат дека интелектот е стабилен. Се верува дека кристализираната интелигенција се зголемува сè до староста, додека флуидната интелигенција се намалува со возраста.

Други наоди

[уреди | уреди извор]

Воспитување на деца

[уреди | уреди извор]

Во западните развиени општества, мајките (и жените воопшто) беа нагласени со исклучување на други старатели, особено доколку традиционалната улога на таткото беше повеќе од глава на семејство, а помалку директен родител на дете, тој традиционално се гледа како индиректно влијае на детето преку интеракции со мајката на детето. Акцентот на студијата се префрли на основниот родител (без разлика на пол или биолошки однос), како и на сите лица кои директно или индиректно влијаат на децата (системот на семејството). Улогите на мајката и таткото се позначајни од првото мислење за концептот на основниот старател. Потврдувајќи ја улогата на таткото, истражувањата покажале дека децата на возраст од 15 месеци значително имаат корист од суштинските средби со нивниот татко. Особено, студија спроведена во САД и Нов Зеланд откри дека присуството на биолошкиот татко беше најзначајниот фактор за намалувањето на процентот на предвремени сексуални активности и процентот на бременост кај тинејџејките. Вклучени се следните фактори: проблеми во однесувањето, возраст на мајката по првото породување, раса, образованието на мајката, професионалниот статус на таткото, животниот стандард на семејството, интеракцијата помеѓу мајката и детето, образовни постигнувања, училишни квалификации, растројство на расположението, анксиозност, обидите за самоубиство, насилни навреди и нарушено однесување. Понатамошните истражувања покажа дека татковците имаат влијание врз академскиот избор на детето. Сепак, отсуството на таткото е поврзано со голем број на негативни резултати за децата, вклучувајќи дете, а подоцна и криминално однесување.

Историски претходници

[уреди | уреди извор]

Модерната форма на развојна психологија ги има своите корени во богатата психолошка традиција застапувана од Аристотел, Табари и Декарт. Вилијам Шекспир посочува на седумте возрасти на човекот. Тие вклучуваат три фази на детството и четири фази на зрелост. Во средината на осумнаесеттиот век Жан Жак Русо опишал три фази детство: новороденче, детство и адолесценција во „Емили или за образование“. Идеите на Русо се силно се прифатени од воспитувачите во тоа време. Во доцниот XIX век, психолозите запознаени со теоријата на еволуцијата на Дарвин почна да бараат еволутивен опис на психичкиот развој. Во овој период, се истакнува Г. Стенли Хол кој се обидел да ги поврзе детството со претходните возрасти на човештвото. Понаучен пристап беше инициран од страна на Џејмс Марк Болдвин (James Mark Baldwin), кој пишуваше есеи на теми кои вклучуваат имитација „Поглавје во историјата на природата на свеста и психичкиот развој на детето и расите“ , „Методи и процеси“. Во 1905 година, Сигмунд Фројд искажал пет фази на психосексуалниот развој. Подоцна, Рудолф Штајнер искажал фази на психичкиот развој во текот на животот на човекот. Од почетокот до средината на дваесеттиот век, била воспоставена работата на Виготски и Пјаже, споменати погоре, силна емпириска традиција во оваа област.