Керански јазик
Изглед
Керански јазик | |
---|---|
Застапен во | Чад, Камерун |
Говорници | (50,000 во 1993 г.) |
Јазично семејство | афроазиско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | ker |
Керанскиот е афроазиски јазик, дел од групата на чадски јазици од подгрупата на источночадски јазици. Гринберг во своите истражувања го именувал јазикот како „тубуриски“.
Преглед
[уреди | уреди извор]Јазикот, според податоците од 1993 година во Чад го зборувале 44.500 луѓе, а вкупниот број на луѓе кои го зборуваат јазикот е 50.500. Јазикот се зборува во регионот Мајо-Кабо Ест во Чад, во близина на езерото Тикем. Исто така, јазикот се зборува во северен Камерун. Нема забележано дијалекти на јазикот и има лексичка сличност од 42% со кваншкиот јазик. Редоследот на зборовите во реченицата е подмет-прирок-предмет. За јазикот има издадено граматика и речник, но писменоста на керански е од 5 до 10%. Јазикот се пишува на латиница.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Керански јазик на „Етнолог“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Керански јазик на „Етнолог“.
- Истражување за акцентот во керанскиот