Кајгана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кајгана
Кајгана
Дел од оброкотнајчесто за појадок
Температура на послужувањетопло
Главни состојкијајца, сол
Варијантисо разни додатоци

Кајгана[1]јадење од јајца (најчесто кокошкини) мешани или матени во тава додека полека се загреваат, вообичаено со сол, масло, а понекогаш и со други додатоци.[2]

Јајцата често се користат во секојдневната исхрана заради нивниот вкус, но и заради тоа што можат лесно и брзо да се подготват, што е згодно за појадок и вечера.

Подготовка[уреди | уреди извор]

За подготовка на кајгана потребни се само јајца, сол и масло,[3]

Во зависност од сезоната и распожливоста на прехранбените производи, кајганата може да има разни додатоци. Така на пример може да се подготви кајгана со суви пиперки и џимиринки[4], кајгана со праз]][5] и сл.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „кајгана“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Liesa Cole, L.J.L. Quick and Easy Cooking: Meals in Minutes. Globe Pequot. стр. 50. ISBN 978-1-59921-754-3. Посетено на August 21, 2017.
  3. Како да направите совршена кајгана на семрежното место на Сè за храна
  4. Кајгана со суви пиперки и пршки на семрежното место на Мои рецепти
  5. Кајгана со праз на семрежното место на Мои рецепти

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikibooks Cookbook has a recipe/module on
Scrambled eggs (шпански)