Катедрала „Св. Мајка Тереза“ - Приштина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Катедрала „Св. Мајка Тереза“
42°39′23″N 21°09′34″E / 42.65639° СГШ; 21.15944° ИГД / 42.65639; 21.15944Координати: 42°39′23″N 21°09′34″E / 42.65639° СГШ; 21.15944° ИГД / 42.65639; 21.15944
МестоПриштина
ЗемјаКосово
ВероисповедРимокатоличка црква
Историја
Посветена наМајка Тереза
Архитектура
Удрен темел2007
Управа
ЕпархијаПризренска апостолска администратура

Катедралата „Св. Мајка Тереза“ (албански: Katedralja e së Shën Nënë Tereza në Prishtinë, српски: Katedrala Majke Tereze u Prištini / Катедрала Мајке Терезе у Приштини) — римокатоличка катедрала која се наоѓа во Приштина, Косово. Во 2007 година, Владата на Косово ги одобрила плановите за изградба[1]. Катедралата е посветена на римокатоличката калуѓерка и мисионерка, Мајка Тереза.

Историја[уреди | уреди извор]

Пуштањето на катедралата церемонијално ја отворил поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова, кој и самиот бил муслиман[2]. На почетокот од церемонијата била благословена водата на влезот во катедралата, а потоа поворка предводена од кардиналот Симони влегла во катдралата, каде што следувал верскиот обред на осветување, а била извршена и причест.

Истата била инаугурирана на 26 август 2010 година, по повод од стогодишнината од роденденот на Мајка Тереза, пред да биде завршена изградбата.[3]. Изградбата, која започнала во 2011 година, предизвикала контроверзии во муслиманските кругови, со оглед на малиот број католици во областа[4].

По завршувањето на катедралата, таа ќе биде една од највисоките згради во Приштина[5] right|thumb|200px|. Во катедралата во јануари 2015 година се одржала изложба за споделената историја на Албанците и Австрија. На изложбата присуствувале претседателот на Косово, Атифете Јахјага и австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц[6].

Се проценува дека катедралата, која се уште не е целосно завршена, ќе чини 1,28 милиони долари. Кулите на катедралата, по завршувањето, треба да бидат високи 70 метри[7].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kosovo Catholics plan cathedral to honour Mother Teresa
  2. „New Cathedral Symbolises Catholic Rebirth in Kosovo“. BIRN Kosovo. 6 September 2007. Архивирано од изворникот на 11 December 2011. 
  3. Kosovo: Neue Mutter-Teresa-Kirche eingeweiht“, „DiePresse.com“, 6 септември 2010 (посет. 22 март 2015 г). (на de)
  4. Petrit Collaku (26 May 2011). „Kosovo Muslims Resent New Mother Teresa Statue“. Balkan Insight. конс. 5 September 2016. 
  5. In Pristina's old Ottoman mosque, Muslims gather for prayers[мртва врска]
  6. Kosovo president Atifete Jahjaga, right, joined by Austrian Foreign Minister Sebastian Kurz, ...“, „Yahoo News“, 19 јануари 2015 (посет. 22 март 2015 г).
  7. https://www.slobodnaevropa.mk/a/2149108.html