Карл Јасперс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Карл Јасперс (гер. Karl Jaspers; 23 февруари 1883 — 26 февруари 1969) бил германски психијатар и филозоф, претставник на христијанскиот егзистенцијализам. Оставил голем впечаток на теологијата, психијатријата и филозофијата.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Олденбург 1883 година. Рано ја покажал заинтерираноста за филозофијата. Меѓутоа, по желбата на татко му, после матурата упишува право. Во тоа време лекарите му откриле неизлечива болест на белите дробови и срцето, заради што Јесперс ќе мора целиот живот да се посветува на секој физички напор. Тој набрзо сфаќа дека сепак не е толку заинтересиран за право и запоцнува да студира медицина во 1902 година. Медицината ја завршил 1909 година и почнува да работи во психијатриската болница во Хајделберг. Од 1916 година работи како вондреден професор на Катедрата за психологијата во Хајделберг, а од 1921 година како редовен професот во Катедрата за психологијата. За време на власта националсоцијалистичката, Јесперс бил приморам да ја напушти својата наставничка функција заради тоа што жената ми била Еврејка. Од 1943 година му било забрането и да објавува работи. Во повоената доба битно допринесува за обнова на Универзитетот во Хајделберг. Годината 1948, прифаќа повик на Катедрата за филозофија во Базел, а 1958 година добива Награда за Мир. Починал во Базел 26 февруари 1969 година.

Карл Јасперс

Филозофија[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од критичарите го поврзува Јасперс со филозофијата на егзистенцијализмот, делумно зошто се базира на егзистенцијалистичките корења Ниче и Киркегор, а делумно и затоа што темата на индивидуалната слобода го презема неговиот ред. Почнувајќи со науката и емпиризмот Јасперс покажува дека сè додека ја испитуваме реалноста ние се спротиставуваме на границите кој некој емпиријски или научен метод не може да го преземе. Како психолог, Јасперс го открил фактот дека човекот не се однесува према светот пред се со цел да го дознае, веќе пред се практично да се организира во него. тој издвојува три видови погледи на светот:

  • Првиот тип се однесува на физичкиот свет како собир на сите чудни работи во природата, што е предмет на природната наука.
  • Вториот тип се однесува на самоверување на човекот како предмет и префаќа духовно-културно функционирање, што е предмет на духовната наука.
  • Третиот тип погледот на светот воочува распарчување измеѓу човекот и светот и тежи да ги фати во едно. Такво гледање на светот Јасперс го нарекува метафизика (филозофија).

Јасперс не исфрла науки само укажува на нејзината граница во поглед на разбирање на егзистенцијата. По Јасперс, всушност егзистенцијата ја изразуваат доживувања на несигурност и конечност, кои човек ги запознава во гранични ситуации, како што се смрт, грешка, борба или патување. Во такви ситуации човек мора сам да избере една од спротивните можности.

Човекот низ изторијата развил различни начини за преминување на егзистацијалната несигурност. На пример, тој ја потчинува природата, но не може да ја совлада неа зошто не може да ја остварува во целост.

Темелот на егзистенцијата сперед мислењето на Јасперс , а воедно и основно прашање за филозофијата - прашање околу тоа што е, тоа ќе биде. Јасперс мисли да се што ќе биде не може да се доазнае ниту како предмет надворешно од нашата свест ниту како предмет на внатрешното искуство – ниту како објект, ниту како предмет, беќе нешто што ги опфаќа и едното и другото. Јасперс ова го нарекува трансцеденција или сеопфатна. Поимот трансцеденција може да се објасни само по пат на шифри и симболи, што оди подалеку од когнитивната моќ на научни поими. така и егзистенција претставува појавување на вечен човек во времето, бесконечен и конечен, па и тоа е сама шифра на трансцеденција.

Поединечна егзистенција т.е конкретниот човек, секогаш живее во одредена ситуација која подразбира и постоење на други луѓе. Заради тоа Јасперс мисли дека меѓусебната комуникација, како борба за меѓусебна љубов и солидарност во друштво, извор на индивидуалноста и хуманиот живот.

Најзначајни дела[уреди | уреди извор]

  • "Филозофија, ум и егзистенција"
  • "Филозофија на егзистенцијата"
  • "Вистина и наука"
  • "Психологијата погледнува на светот"
  • "Филозофска вера"
  • "Вовед во филозофијата"
  • "Атомска бомба и иднината на човештвото"