Мајстор Екхарт

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мајстор Екхарт или Екхарт Хоххајмски (германски: Meister Eckhart, Eckhart von Hochheim, 1260 - 1328) — германски доминиканец и филозоф-мистичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Филозофски погледи[уреди | уреди извор]

Екхарт сметал дека човекот може да ја спознае само негацијата, но никогаш не може да го спознае квалитетот на врховната реалност. Според него, „во меѓувреме, човекот не може да знае што е Бог, дури и кога одлично би знаел што не е Бог... Така, задоволен со ништо, духот тежнее кон највиското до сите добра.“ Понатаму, тој вели: „Божественото Едно е негација над негациите, одрекување над одрекувањата... Секое суштество содржи негација: тоа негира дека постои она другото.“ Оттука, според Екхарт, Бог е „апсолутно Ништо“, т.е. тој тврдел дека Бог му се открил на Мојсеј со „апсолутно ништо“.[1] Екхарт тврдел дека крајната цел во верата е соединувањето со Бога. Според неговите зборови: „Ако сум преобразен во Бога и ако тој ме соедини со себе, тогаш низ живиот Бог нема разлика меѓу нас... Некои луѓе замислуваат дека ќе го видат Бога, дека ќе го видат како тој да стои онде, а тие овде, но не е така. Бог и јас - ние сме едно. Спознавајќи го Бога, јас го внеусвам во себе. сакајќи го Бога, јас продирам во него.“[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Erih From, Umeće ljubavi. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 109.
  2. Umeće ljubavi, стр. 113.