Калојаново

Координати: 42°21′18″N 24°43′53″E / 42.355135° СГШ; 24.731412° ИГД / 42.355135; 24.731412
Од Википедија — слободната енциклопедија
Калојаново
Калояново
село
Поглед на католичката црква во Калојаново
Поглед на католичката црква во Калојаново
Калојаново is located in Бугарија
Калојаново
Калојаново
Местоположба на Калојаново во Бугарија
Координати: 42°21′18″N 24°43′53″E / 42.355135° СГШ; 24.731412° ИГД / 42.355135; 24.731412
ЗемјаБугарија
ОбластПловдив
ОпштинаКалојаново
Управа
 • ГрадоначалникМладен Кичев (СДС)
Површина
 • Вкупна34,589 км2 (13,355 ми2)
Надм. вис.&10000000000000220000000220 м
Население (2022)
 • Вкупно2,547
 • Густина74/км2 (190/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4173
Повик. бр.+359 03123
Мреж. местоkaloyanovo.org

Калојаново (бугарски: Калояново) — село во Јужна Бугарија, административен центар на општината Калојаново во Пловдивската Област. Има население од околу 2.547 жители (2022).[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во централнио дел на Горнотракиската Низина, на 24 километри од регионалниот центар Пловдив и на 157 километри од главниот град Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Регионот на денешното Калојаново бил дел од најраната државна организација на Античка Тракија — Одриската држава, основано во 5 век п.н.е од Терес I (480-440). Еден од првите центри на Одриската држава бил концентриран во Горнотракиската Низина. Остатоците од овој градски центар, во кој била изградена и царската палата, денес се наоѓаат во околината на Калојаново. Градот создаден во времето на Терес I постоел речиси два века. Подоцна во областа околу Калојаново постоеле тракиската населба Бендипара и римскиот Севериус.

Во средниот век, првите информации за Калојаново доаѓаат од софискиот католички епископ Петар Богдан Бакшев од Чипровци, архиепископ софиски во периодот 1646 - 1674 година. За време на османлиското владеење селото се викало Селџиково (Селџиќој) по локалниот феудал Селџик. Калојаново било ослободено од османлиската власт на 4 јануари 1878 година од страна на коњаниците на генералот Павел Карцов.

Преименувањето на Селџиково во современо Калојаново се случило во 1934 година. Изборот на новото име е во чест на бугарскиот цар Калојан

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]