Џами Тепе
Џами Тепе | |
---|---|
Ильов връх | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1803 м |
Координати | 41°46′09″N 23°00′30″E / 41.7691° СГШ; 23.0083° ИГД |
Географија | |
Место | Р Македонија, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Малешевски Пл. |
Џами Тепе (бугарски: Ильов връх, до 1942 г. Джамо/Джамa) — највискиот врв на Малешевските Планини.[1] Висок е 1.803 м и лежи на самата македонско-бугарска граница кон Пиринска Македонија.
Се издига во северниот дел на главното планинско било. На северозапад преку седлото наречено Седлото се поврзува со првенецот на планината Влаина — врвот Кадиица; на југоисток седлото Конското го поврзува со врвот Трите Гроба. Врвот е заоблен, со налегнати падини и не се истакнува особено над околните зарамнети била. На североисток оd него се одвојува ридот Краиште.
Врвот е изграден од метаморфни карпи. Почвата е планинско-ливадска. Високите делови се образснати со подалпска тревна растителност, а падините со бука и бор.
Точно низ Џами Тепе поминува државната граница, делејќи го Пехчевско во Р Македонија од Горноџумајско во Пиринска Македонија. На таа кота стои гранична пирамида со број 51.
Бугарско име[уреди | уреди извор]
На 29 јуни 1942 г. бугарската држава го сменила бугарското име во Иљов Врв, кое дотогаш гласело Џамо или Џама. Новото име на врвот е дадено во чест на Дедо Иљо Малешевски согласно политиката на присвојвуање на македонските национални дејци.[2]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Извори[уреди | уреди извор]
- Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 384.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малешевски Планини“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 904. Text "series " ignored (help)
- ↑ Научноинформационен център „Българска енциклопедия“ (2015). Промени в наименованията на физикогеографските обекти в България 1878 – 2014 г. София: Книгоиздателска къща „Труд“. стр. 96. ISBN 978-954-398-401-5.