Исперих
Исперих Исперих | |
---|---|
град | |
Поглед на централниот дел на градот | |
Местоположба на Исперих во Бугарија | |
Координати: 43°43′13″N 26°49′41″E / 43.720379° СГШ; 26.828106° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Разград |
Општина | Исперих |
Управа | |
• Градоначалник | Белгин Шукри (ДПС) |
Површина | |
• Вкупна | 35,73 км2 (13,80 ми2) |
Надм. вис. | 241 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 8,523 |
• Густина | 240/км2 (620/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 7400 |
Повик. бр. | +359 08431 |
Мреж. место | isperih.bg |
Исперѝх (бугарски: Исперих) — град во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Исперих во Разградската Област. Има население од околу 8.523 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Исперих се наоѓа во западната половина на Лудогорието. Градот се наоѓа на 35 километри североисточно од регионалниот центар Разград и на 382 километри од главниот град Софија.
Историја
[уреди | уреди извор]Земјите околу денешниот град Исперих биле населени со различни цивилизации уште од времето на тракиските племиња (4-5 п.н.е.). Доказ за тоа е тракискиот град Хелис (Хелиос), кој денес е дел од историско-археолошки резерват „Сборјаново“. Зачувани се гробници на тракиски владетели, ѕидини на тврдини, верски објекти и бројни артефакти. Доказ за уникатноста на ова место е фактот што е едно од десетте бугарски локалитети на листата на УНЕСКО.
За потеклото на Исперих како самостојна населба нема многу информации. Се претпоставува дека градот се развил како место за панаѓури и размена на стоки. За време на Отоманската Империја се нарекувал Кемаллар (Кемаалар, Кеманлар[2], Каменлар[3]). Со доаѓањето на првиот доселеник Кемал и неговото семејство, населбата долги години го носела неговото име — Кемаллар (луѓето на Кемал). Во прилог на мислењето дека селото го добило името по доселеникот Кемал, за него постои легенда која била зачувана. Гробот на Кемал Баба останаl запаметен и пренесен низ генерациите, а неговата надгробна плоча се наоѓа на старите гробишта на западниот раб на градот.
Според друга хипотеза, името Кеманлар потекнува од „кемане“ (виолина) и на турски значи „виолинисти“. Според оваа верзија, првите доселеници на ова место биле Бугарите гадулари — скитници музичари.
Во 1960 година бил прогласен за град. Го носи името на Канот Аспарух — основачот на бугарската држава, чие име се изговара и како „Исперих“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ ДА – Разград, ф. 3K, о. 1. Околийско управление – с. Кеманлар (1882 – 1901)
- ↑ Иван Христов (1995). Българското опълчение 1877 – 1878: Биогр. и библиогр. справ. 1. Казанлъшка искра. стр. 175.